Пред две години официјалниот сајт на Бундеслига објави 5 главни моменти од историјата на Klassiker - дербито меѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.
На листата се најде и мечот од 26 февруари 2011 година кога Дортмунд првпат после 19 години го победи Баерн во Минхен со 1:3 а Нури Шахин толку многу се радуваше што му ги скрши скапоцените наочари на Клоп - Eschebach Titanflex.
Поради тоа, компанијата Eschenbach која го произведува овој познат бренд потпишала рекламен договор со Клоп.
А скршените очила на Клоп ги изложиле во клупскиот музеј на Борусија.
Освен наочари од Eschenbach, Клоп на клупата на Дортмунд носеше и наочари Persol PO3012V и Oakley Junkyard. Persol е италијански бренд а Клоп носел со сиви рамки.
Убаво му стоеја и оние од американскиот бренд Oakley кои чинат околу 121 долар:
Со преоѓањето во Англија каде седна на клупата на Ливерпул, Клоп почнал да носи Ray-Ban RX6295:
Во јануари 2016 година, при прославата на неверојатната победа над Норвич од 5:4 со гол во 95’ минута, Клоп повторно ги скршил очилата.
На следната прес-конференција дошол во нови очила и објаснил дека е истиот модел само друга боја. „Мене не ми се допаѓаат овие, црни се и со нив личам на сериски убиец“, се жалел Клоп на бојата на моделот Ray-Ban RX6295 кој чини околу 162 долари.
Денес Клоп одново носи очила од фирмата Oakley а прозрачниот модел е Pitchman R Carbon кој го носеше и на финалето од Лига на шампиони против Реал Мадрид. Цената на овој модел изнесува речиси 200 долари.