Кусогледоста денес погодува милијарди луѓе, а голем дел од нив не можат да си дозволат да купат соодветни наочари. Стапката на миопии нагло пораснала со развојот на читачката култура, иако тоа „читачка“ денес значи зјапање во ситни букви на мали екрани.
Ливерпул самоуверено ја почна новата сезона во Премиер лига (0:3 на гости кај Норич). Мо Салах блескаше, Ван Дајк се врати во одбраната, ама на социјалните мрежи се зборуваше и за Јирген Клоп. Поточно за еден негов детал.
Целата приказна датира од далечната 1923 година кога француските тенисери играле Дејвис Куп против Австралијците а капитенот на Франција му ветил на Рене Лакост дека ќе му купи куфер од крокодилска кожа ако победи.
На германскиот клуб му претстои двомеч со Ливерпул во Лигата на Европа. Од таа причина на официјалниот Твитер на Аугзбург излезе слика со натпис: „До нашиот меч во Лига Европа остана уште помалку од еден месец. Мора да бидеме спремни за доаѓањето на Клоп и компанија".
Огромниот избор на различни брендови и модели очила е оптичка илузија. Зад огромен дел од скапотијата што денес се носи на нос како престижно парче мода стои една фирма на чија позиција на пазарот може да завидува и АД Бутел.
Гугл наочарите уште официјално не се ни пуштени во продажба, а урбаниот речник веќе се збогати со нов збор - Glasshole, или шупак со (Гугл) наочари. Материјал за лингвистите, но и за социолозите и психолозите.