Клоп и наочарите - артефакти во музеј и бројни анегдоти

Ливерпул самоуверено ја почна новата сезона во Премиер лига (0:3 на гости кај Норич). Мо Салах блескаше, Ван Дајк се врати во одбраната, ама на социјалните мрежи се зборуваше и за Јирген Клоп. Поточно за еден негов детал.

Менаџерот на Ливерпул во 1. коло од Премиер лигата кај Норич беше без очила крај теренот.

Одговорот е едноставен. По крајот на прошлата сезона, Јирген Клоп направил операција на очите и сега наочарите не му се потребни, иако ќе го гледаме пак со нив во вечерните термини, зошто специјалистите му препорачале да ги носи при недостиг на дневна светлина. 

Најверните навивачи на Ливерпул почнале да се навикнуваат да го гледаат Клоп без очила уште од средината на јули. Тој на припремите во Австрија бил без наочари.

Но на некои видеа на клупскиот ТВ канал, Германецот бил со препознатливиот детал на себе, веројатно поради светлината при снимањето со камери:

ОЧИЛАТА НА КЛОП СЕ ИСТОРИЈА

Јирген почнал да носи наочари веднаш по завршувањето на играчката кариера. Еве како изгледал Клоп фудбалерот без нив 

ВЕЌЕ ОД 2001 КАКО ТРЕНЕР НА МАЈНЦ

Еден од најважните моменти во кариерата на Јирген во однос на мега дерби дуелите меѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен е поврзан исто со наочарите на Клоп. Во февруари 2011-та година Дортмунд првпат после цели 11 години славеше среде Минхен (1:3) против Баерн. Нури Шахин, детето на клубот тогаш постигна прекрасен гол од слободен удар и се залета кон тренерот Клоп да прослави во еуфорија а Јирген исто беше затрчан кон него, па рамките на очилата не издржаа при контактот.

Скршените очила на Клоп се изложени во клупскиот музеј на Борусија Дортмунд на нивниот стадион

Слично нешто се случи и после пет години. Во јануари 2016-та, по големиот триумф над Норвич (5:4, решавачки гол во 95’ минута за црвените), Клоп ги скрши наочарите па не учествуваше во големата гужва при прославата со играчите.

„Имав уште едни, резервни. Ама не можам да ги најдам. Многу е тешко да најдеш наочари без начари“, се пошегувал и смеел Германецот на прес-конференција после тој меч кој го реши Адам Лалана со доцен гол.

Главен кривец кој му ги скршил бил Кристијан Бентеке, белгискиот шпиц. Во август таа година Белгиецот го продадоа во Кристал Палас каде продолжи да дава голови. Клоп се шегуваше по повод тој трансфер:

„(Наочарите) Ми ги скрши Бентеке. Правило: не ми ги крши очилата инаку ќе бидеш продаден“.

Во есента 2020-та Ливерпул се пресели во ултра модерната нова база, близу до клупската академија во Киркби. Дента на официјалната селидба, се носеле многу важни предмети од историјата а во неа покрај важни документи, слики, трофеи, пехари, биле и наочарите на Клоп.

Тие важат за поважните артефакти на Клоп кој е најзаслужен за најголемите успеси на клубот во поновата историја. Јирген покрај едниот пар скршени наочари, дал уште два пара во клупскиот музеј. Минатиот септември е отворен делот Boom Room во кој може да се видат наочарите од шампионската прослава и парада по триумфите во Лига на шампиони и Премиер лига. Прав експонат.