И што ако кажеш дека Куманово е Албанија?

Ги мина сите селекции на Македонија, стигна до сениорската, му сруши рекорд на Пандев и потоа го смени презимето, македонскиот дрес го замени со албанскиот и сега провоцира како недозреан.

По сите оние идиотски испади на Шкендија, следниот кој се намести да лечи фрустрации е поранешниот македонски репрезентативец Таулант Сулејманов кој си го смени презимето во Сефери.
 
Скроз непотребна објава на Инстаграм на 21 годишен дечко, односно дете во паметот на кој трите години кариера во Јанг Бојс очигледно не му делуваат во созревањето.
 
Сефери ја освои двојната круна со Работнички во сезоната 2013/2014 каде и ја почна кариерата, потоа направи трансфер во Јанг Бојс, а првите фудбалски чекори како дете му се во Милано Куманово.
 
 
Заигра во сите младински селекции на Македонија, а на 26 мај 2014-та тогашниот селектор Бошко Ѓуровски му даде шанса во сениорскиот тим на пријателска средба против Камерун која ја добивме со 2:0.
 
Таулант влезе во 57-та минута на местото на Бесарт Абдурахими и стана најмлад дебитант во македонскиот национален тим со 17 години, 6 месеци и 12 денови.
 
Претходно најмлад македонски репрезентативец беше Горан Пандев кој настапи во 2001-та година на натпреварот против Турција со 17 години, 10 месеци и 11 денови.
 
Минатата година селекторот на Албанија У-21, Албан Буши го убедил Сефери да им се приклучи во тим и ете го сега на пријателска против Белорусија “се истакна“ во соблекувална.
 
 
ФИФА и УЕФА се на ред.
6 јуни 2018 - 09:27