Епски рекорд од едни други фудбалски времиња

Сите знаеме како им оди последниве години на Јуве во Серија А, Баерн во Бундеслига, Барса во Ла Лига, ПСЖ во Лига 1 и Реал во ЛШ, ама доминаци како порано немало и нема ни да има. Кој знаел порано како да паркира автобус.

Пред точно 100 години МТК Будимпешта ја завршил најдоминтната сезона во историјата на унгарскиот фудбал, а можеби и најдоминантна за која сме пишувале до сега, барем според бројки.
 
Со 23 титули тие не се најтрофеен фудбалски клуб во Унгарија, приматот го држи Ференцварош кој има 29, ама затоа автори се на сезона која не се повторува.
 
Пред еден век МТК прослави шампионска титула со скор од 21 победа, 1 реми и 0 порази.
 
Гол разлика: 147 постигнати и 10 примени голови.
 
Подобро да не ги споредуваме со други, бидејќи вториот најефикасен тим ја завршил сезоната со 45 голови.
 
 
Сите резултати на МТК Будимпешта од сезоната 1917/2018
 
5:0
7:1
2:0
6:1
8:0
5:0
6:1
6:0
17:0
8:0
18:1
3:0
2:2
7:1
5:1
8:1
4:0
6:0
6:1
6:0
2:0
10:0
 
Инаку МТК Будимпешта е првиот унгарски клуб кој се пласирал во КЕШ (1964), а нивната академија има партнерски договор со Ливерпул. Во моментов се второлигаши.
4 јуни 2018 - 15:36