Offside

Веќе се познати сите екипи кои ќе играат во новата сезона од Лига на шампиони 2026/2027. 36 тима од кои некои ќе бидат дебитанти и за првпат ќе играат во најдобро друштво.

Зошто дербито на Буенос Аирес е најдобро на свет?

Во 105-годишната историја на ривалство меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плејт, фудбалерите и навивачите на двете екипи направиле сè што е возможно за ова дерби да стане најмоќно во светот. Зошто овој вековен дуел стана туристичка атракција и сон на многу луѓе ширум светот.

Лудница „Амстердам Арена“

По долги сушни години, Ајакс Амстердам конечно има екипа спремна за Лига на шампиони. Синоќа со 3-0 го прегазија АЕК од Атина а на трибините безумие.

Нов скок на Македонија на рангот на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација игра фудбал, победува, а тоа постепено ги носи на сè повисока позиција на ранг листата на ФИФА. Март 2017: 166-ти. Септември 2018: 68-ми. Браво.

Ново насилство во фудбалска Европа

Навивачите на Манчестер Сити и Лион синоќа имале крвава пресметка во еден кварт во индустрискиот град. Подебелиот крај го извлекле Французите кои за утеха на крајот славеа злато вредна победа против гигантот (1-2).

Хамез, Хамез Родригез

Баерн Минхен на отворањето од Лигата на шампионите покажа зошто е меѓу главните фаворити за освојување на титулата. Со 0-2 го преброди гостувањето кај Бенфика а ѕвезда на мечот беше Хамез Родригез.

Наполитанци имате ли памет, дете ќе ви загине?

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис изјави дека му е срам што Наполи игра на Сан Паоло и дека стадионот е осакатен. Ај што му е срам, туку треба да му биде и страв. Навивач сними видео од последниот ред на кој под седиштата нема никаква заштита, а мали деца одат. Претпоследниот е заштитен, а последниот не и има дупка од 50 метри. Језиво.

Манолас да ти бил популарен на Бернабеу

Тие што следат Лига на шампиони јасно им е веднаш за што се работи, а тие што имаат куса меморија треба само да се вратат пет месеци назад во ЛШ за да се потсетат. Ривалството си го прави своето.

Најмангупскиот потег на колото во ЛШ

Иско даде прекрасен гол од слободен удар против Рома, новата 7-ка Маријано Диаз го даде дебитанскиот за Реал во ЛШ кој вреди да се види, ама ништо не може да го замени овој волшебен дриблинг на Марко Асенсио. Де Роси и Пелегрини не знаеа кај се. Не е фер ова што не влезе.

Остајте ЛШ, гледајте Крсте наш каков гол даде

Се сеќавате ли на лудиот волеј на Зинедин Зидан во финалето од ЛШ во 2002-ра против Баер Леверкузен? Епа се повтори во БиХ, а го даде Крсте Велковски на куп средбата Вележ Мостар - Сараево конечни 0:1. МАЈСТОРИЈА.

Шлаканица за Сити, сигурен старт на другите фаворити

Фудбалерите на Лион го направија изненадување на колото во ЛШ откако освоија 3 бода на Етихад. Гостински победи забележаа и Баерн, Манчестер Јунајтед и Јувентус без исклучениот Роналдо, а бранителот на титулата ја суреди Рома убедливо.

Деби на Роналдо за Јуве во ЛШ со црвен и солзи

Кристијано Роналдо вечерва се врати на шпанско тло, но првиот меч за Старата Дама во елитното натпреварување не му се потрефи. И да е во право, нема потреба многу да драматизира бидејќи неговите тепаа на Местаља и без него.

Те бара мајка ти

Иако Енфилд Роуд е храмот каде владее хуморот и сатирата на Јирген Клоп, сепак синоќа за момент шоуто го украде тренерот на ПСЖ, Томас Тухел. На некој од новинарите му заѕвони телефонот, а германскиот стратег го издаде пред сите кој го бара.

И Џузепе Меаца има свое „Кај Митке“

Покрај Црвена звезда која 27 години не играла во Лига на шампиони, долги години (вкупно 6) чекаа и навивачите на Интер кои синоќа бурно го прославија триумфот над Тотенхем со два гола во последните минути од мечот.

Јане во ново видео со Меси, Роналдо и Погба

Малиот јунак кој боледува од спинална мускулна атрофија одново е во фокусот на УЕФА која направи ново видео како дел од проектот „Equal game“. Овој пат Јане Велковски е во ист спот со тројца светски фудбалски ѕвезди од кои едниот му е идол кој успеа и да го запознае.

Навивачот кој го погоди во срце Дејан Станковиќ ја гледаше Ѕвезда на стадион

Се работи за млад навивач кој по начинот на кој се иразува, се гледа дека е вистински навивач, а не од оние кои одат колку да се сликаат и чекираат. Тоа го препозна и легендарниот српски фудбалер кој му обезбеди карта.

Културниот западен свет се бркаше во Барселона

Неколку часа пред мечот Барселона - ПСВ Ајндховен (4:0), домашни хулигани со стаклени шишиња и метални шипки нападнале гостински навивачи од Холандија кои седеле по локалните барови.

Што му значеше прославата на голот на Боби Фирмино?

Сезоната само што почна и после неколку одиграни кола во англиската Премиер лига веќе ја добивме фотографијата на годината - палецот на Јан Вертонген во окото на Роберто Фирмино на мечот Тотенхем - Ливерпул.

Сторија за јунакот на Интер - Матиас Весино кој на 14 години останал без татко

Кога во Италија повеќе го ценеле неговиот фудбал отколку во родниот Уругвај, тогашниот селектор Антонио Конте го убедувал да заигра за „Аѕурите“ но Весино останал верен на својата земја и чекал повик од татковината.

Даглас Коста ја доби казната

Откако доби директен црвен за тоа што го плукна во лице противничкиот фудбалер Федерико Ди Франческо (син на тренерот на Рома Ди Франческо), 28-годишниот Бразилец доби суспензија од 4 меча во Серија А. По реакциите изгледа дека и „волкот е сит и овците се на број“. Јувентус нема да поднесува жалба.

Величествена кореографија на Маракана

По три децении чекање настап во ЛШ, навивачите на Црвена Ѕвезда целосно се отворија и се распослаа на цел стадион. Маракана пред мечот со Наполи изгледаше импозантно, а Делии ги пречекаа Италијанците со: Добре дојдовте во градот на европскиот првак.

Нејмар оди види дали сум таму

Со голот на Фирмино во 92-ра минута Ливерпул синоќа го совлада ПСЖ, а во еден дуел еден на еден Мане тргна лево, а Нејмар за Бразил.

Енфилд Роуд го слави Фирмино во 92-ра минута, реми за Ѕвезда

Ливерпул и ПСЖ целосно го оправдаа епитетот дерби во првото коло од ЛШ, а англискиот тим го урна скапиот француски состав и му покажа зошто лани беше во финале. Галатасарај тргна победнички пред своите навивачи, а со полн плен од гости си заминаа Атлетико и Борусија. Немаше голови само на Маракана.

Маракана им се поклони на легендите од Бари

На околу 45 минути пред мечот меѓу Црвена Ѕвезда и Наполи, белградската публика ги поздрави јунаците кои се искачија на европскиот трон и го донесоа најголемиот клупски фудбалски успех во историјата на Југославија.

Феноменален волеј на Икарди и пресврт на Интер за 4 минути

Новата сезона во фудбалската ЛШ почна за мерак со 7 гола на првите две средби во новиот термин од 18:55. Фудбалерите на Интер се изборија за лудачки пресврт против Тотенхем кој имаше водство од 0:1 до 86-та минута. На Камп Ноу ПСВ настрада убедливо, а Меси постигна хет-трик..