Некогашниот француски репрезентативец и еден од подобрите стрелци во современата Лига 1, Пјер-Андре Жињак во Мексико е сакан како цар. Таму во зоолошките градини тигрите ги нарекуваат по негово име (во градот Монтереј децата гласале Бенгалски тигар да се вика Жињак):
Ya conocí a mi tocayo"GIGNAC", gracias a los niños que votaron por mi nombre, gracias al parque la Pastora por la invitación, Tarde mágica pic.twitter.com/5iY7ks7lWR
— Gignac Andre-pierre (@10APG) August 21, 2017
Таму Жињак дава неверојатни голови и ги зачудува Мексиканците:
Таму изјави дека како поранешен играч на Марсеј попрво би умрел отколку да премине во Пари Сен Жермен. А таму синоќа во победата на Тигрес над Пуебла од 6:1 Жињак постигна четири гола! Од 20 до 65’ минута - четири комада.
Го матираше гостинскиот голман како сакаше: од близина, од слободен удар, со глава, со лева, со десна...
Сезонава на 15 меча Жињак има 14 гола во мексиканското првенство и е прв стрелец.