Offside

Веќе се познати сите екипи кои ќе играат во новата сезона од Лига на шампиони 2026/2027. 36 тима од кои некои ќе бидат дебитанти и за првпат ќе играат во најдобро друштво.

Sport Reality – успешна приказна!

Селекцијата понудени модели на Nike, Adidas, New Balance, Reebok…ја потврдува филозофијата на компанијата „најдобра цена за најдобар квалитет“.

Азар два пати го доведе Хендерсон до лудило

Белгиецот на можеби најтешкото гостување во Англија покажа зошто е меѓу најдобрите фудбалери во Европа. Даде фантастичен гол за пресврт на „Енфилд“ (1:2) и неколку пати душа му извади на капитенот на Ливерпул кој од фрустрации му урлаше.

На прошталниот меч на Истатов во Струмица гостуваше Партизан, а пееше Чолиќ

Легендарниот македонски голман кој ги облече ракавиците и на југословенската фудбалска репрезентација, кариерата ја почна и ја заврши во родната Струмица. Тој играше и ја тренираше Беласица, а таа му освен што му направи голема чест, му даде и специјално признание.

Кој е малиот што игра со Пандев и се изнадава голови во Серија А?

Секако дека македонската јавност во извештаите од натпреварите на Џенова скрола да види дали Горан Пандев дал гол, но неколку пати гледа и едно друго име крај неговото. Толку често го гледаме што решивме да изрудариме нешто за него.

Сидорф или Сејдорф, Кајт или Кујт? Како правилно се читаат холандските презимиња?

Често на страниците на разни печатени изданија, сајтови, кајрони во преносите на телвизија и на други места може да се слушнат и видат апсолутно разни варијанти на изговарање/пишување презимиња на холандските спортисти.

Твит (тикет) на денот

Нервирајте се вие денеска и гњавете ги другарчињата како вчера ве заебала само Барса, само не заборавајте дека и тие некогаш може да изгубат, само прашање е кога. На овој на пример изгледа како Леганес да му бил сигурен кец.

Гоце се изнервира, ќе ја гризе топката

Поранешниот стратег на Вардар, Гоце Седлоски кој ја води босанската екипа Широки Брег, до толку беше незадоволен од своите играчи кои загубија од Сараево 1:0, што доби нагон да влезе во игра и да ја изеде топката.

Вечер на страшни голови

Синоќа ширум Европа се играа толку натпревари што човек не знаеше што попрво да гледа. Каде и да свртиш со далечинското паѓа убав гол. Ние ги одбравме најдобрите неколку:

Гатузо му се сипа опасно на новинар на Скај

Џенаро Гатузо е тешко да се каже дали беше позаебан лик како играч или сега како тренер. Новинар на Скај Спорт само што почна да му поставува прашање, овој го прекина ама со доста сериозен израз на лицето, ладен како шприцер.

Азар и не знае да даде обичен гол

Иако први имаа водство фудбалерите на Ливерпул се елиминирани во Лига Купот откако Челси за 7 минути успеа да им направи пресврт. Човек на одлука беше Еден Азар откако во 86-та минута измеша двајца во одбраната и ја заби душмански во гол.

Систина со пресврт до победа над Борис Трајковски

Во третиот ден од првото коло во Бизнис лигата на Македонија до победите стигнаа екипите на ЕВН, Лукоил и Аџибадем Систина.

Пандев го тресна и Киево

По деби голот против Сасуоло, Горан Пандев го запиша и вториот гол сезонава во Серија А. Жртва овој пат беше Киево против кој погоди за 2:0 во 54-та минута за трета победа на својот тим по пет минати кола. Така е кога ќе го оставите сам на лева.

Ваикики и Вип одигра реми натпревар

Макпетрол го декласираше Рамстор во вториот ден од првото коло во Бизнис лигата на Македонија. На другите две средби немаше победник.

Тоти како Хари Потер, се чека ред за неговата автобиографија

Од утре (27 септември) кога е неговиот 42 роденден, книгата Un Capitano ќе биде пуштена во продажба во цела Италија, а Тоти сака да им подари нешто плус на навивачите на Рома.

Спортот кој доживеа најмногу промени а остана убав за гледање

Деновиве одбојката ги нуди најдобрите натпревари од Светското првенство каде останаа врвни репрезентации. Вечерва се играат натпреварите од Final Six, последна фаза пред полуфиналните битки а тоа е шанса овој спорт уште повеќе да се популаризира.

Скромноста на Модриќ во една фотографија

Првиот човек во историјата на фудбалот кој успеа во една година да стигне до хет-трик на награди (Најдобар на СП, најдобар во ЛШ и најдобар според ФИФА) е центар на внимание. Има пари ако сака да купува по 1.000 телефони дневно од сите најнови и најскапи модели, ама Хрватот по се изгледа не пати од високо.

Типувај за автомобил

Најдобрите двајца типувачи на СЛ клубот на Спорт Лајф ќе се подноват со нов автомобил.

Доживотна сезонска карта и ВИП третман за најстарата навивачка на Вест Хем

Има 102 години и за неа пензионерскиот живот не значи дремење во фотеља и гледање серии, туку одржување во живот со помош на една епска традиција наречена Вест Хем. Таа го бодри веќе деветта деценија, а тој и возвраќа како што доликува.

Ти голман играч да не сакаш да бидеш?

Дерик Вилијамс од Блекбурн синоќа на мечот против Блекбурн се сопна, ја грабна топкава в раце и се направи будала дека за сопката му следува фаул. Ајде под туш.

Одличниот Лампард и отворената шака на малиот од Ливерпул среде „Олд Трафорд“

Еден од најдобрите фудбалери синоќа на легендарниот стадион на Манчестер беше младиот Хари Вилсон кој е позајмен играч од Ливерпул и кој не пропушти прилика да ги изнервира навивачите на Јунајтед.

Тики така играта на Барса не е мртва

Си замина Чави, па си замина Иниеста, ама системот останува ист. Имаме видео од 22 додавања по ред во 60 секунди со егзекуција на крај. И тоа беспрекорнава акција ја прават на мечот против ПСВ при резултат 3:0 во 87-ма минута. Каква професионалност и дисциплина, не губат топка ниту на решен меч.

Икарди да ти имал талентиран зет за евроголови

Луифа Галесио е во брак со сестрата на Мауро, Ивана Икарди. Дечкото е малку чуден спој од победник на реално шоу во Аргентина до играч во четвртата италијанска лига Серија Д. После овој гол Мауро Икарди може да се гордее со зетко. 

ЈСП со победа ја започна новата сезона од Бизнис Лигата

Во првото коло од новата сезона во Бизнис Лигата на Македонија Мепсо славеше убедливо над Пекабеско, ЈСП со пресврт освои три бода против Окта, а Еуро Табак и Алкалоид одиграа без победник.

Московски хулигани пред дербито ЦСКА - Спартак

Во неделата се одигра најголемото дерби на рускиот фудбал меѓу ЦСКА Москва и Спартак Москва кое заврши 1-1. Пред мечот поголема група „армејци“ сретнала група навивачи на Спартак кај една метро станица на улицата „1905 година“ и ги претепала.