Белорусија, Косово и Грузија се можните противници во полуфиналниот меч од Лига на Нации кој Македонија ќе го игра на домашен терен доколку вечерва слави, а очекуваме лесно да слави бидејќи игра против 190-та фудбалска земја во светот според рангот на ФИФА.
Иако минатата недела најавувавме и очекувавме дека најголеми се шансите противник во плејофот да ни биде Белорусија, сепак викендов се променија нештата и сега сè е во рацете на нашиот сосед со кој можно е да играме дерби во Скопје.
Белорусија викендов го совлада Сан Марино само 2:0, а Косово ја декласираше Малта со 5:0 и тука се отвори можноста догодина да гледаме дуел Македонија – Косово.
Грузија има 13 бодови во групата 1 и денеска од 18:00 часот игра со елиминираниот Казахстан, Белорусија во групата 2 има 14 бодови и ги заврши настапите во групната фаза, а Косово со 11 бодови има директен дуел со Азербејџан кој има 9 во групата 3.
Вака изгледаат сите сценарија за тоа кој ќе ни биде противник во полуфиналето доколку вечерва го победиме Гибралтар:
- Косово ќе ни биде противник ако победи со било каков резултат против Азербејџан. Така ќе има исто бодови колку Белорусија, но подобра гол разлика (односно повеќе постигнати голови).
- Белорусија ќе ни биде противник ако Косово загуби или одигра реми. Со нерешен резултат Косоварите остануваа први и ќе играат полуфинале со Грузија.
- Грузија ќе ни биде противник ако не успее да го победи Казахстан, а Косово не го победи Азербејџан. Така ние би биле први со 15 бода и во Скопје би ја пречекале Грузија како четвртопласирана.
Она што нас не интересира вечерва е победа против полуостровот со 30.000 жители со што само ќе потврдиме дека сме најјаки во група, а потоа ќе го чекаме исходот од утрешниот меч меѓу Косово и Азербејџан.
Гибралтарците се пофалија дека ќе играат на Филип Втори, точно 16,5 пати поголем од нивниот според број на гледачи.
📹 👀 A look inside the Phillip II Arena in Skopje where Gibraltar 🇬🇮 take on FYR Macedonia 🇲🇰 tomorrow in the @UEFA #NationsLeague pic.twitter.com/YFTF0Hwspr
— Gibraltar FA (@GibraltarFA) November 18, 2018
Што се однесува до нашиот состав, селекторот Ангеловски нема да може да смета на капитенот Пандев кој е суспендиран поради жолти картони, како и Стефан Спировски кој се повреди против Лихтенштајн.
Затоа кам бек во тим прават Елмас и Алиоски.