Сексипилните чирлидерки кои со години се декор на НБА натпреварите, овој пат ги заменија играорци. Се работи за турскиот ансамбл „Карделен“ кој го изведе традиционалното Пајдушко оро.
Во арената „Capital One“, освен нашето оро се вееја и македонското и турското знаме, а сето тоа беше организирано во чест на кошаркарот на Кливленд Џеди Осман, кој е роден во Охрид.
Настапот го организираа американско-турска асоцијација од Вашингтон и најголемата иселеничка организација на Македонци во светот, Обединета македонска дијаспора (ОМД), со седиште исто така во главниот град на САД.
Џеди Осман одигра 24 минути, имаше 4 поени, 4 скокови и 3 асистенции, а Кливленд загуби од Вашингтон 119:95.
Приказната за охриѓанецот кој стигна до НБА за Офф.нет ја раскажаа Весна и Исмаил, тренери во КК Колибри каде Џеди тренирал за време на летните распусти.
Инаку еднаш во НБА пуштија песна и од Тоше Проески.