Offside

Некогашниот македонски репрезентативец Илија Несторовски кој врвот на кариерата го имаше во италијански Палермо каде од коло во коло даваше голови против големите италијански клубови, сега после неколку повреди се врати во Хрватска од каде го трасираше фудбалскиот пат. Игра за Славен Белупо и тоа како игра.

Голот на Јоан Гуркуф што ќе се памети цел живот

На денешен ден, 11 јануари 2009 година еден од најталентираните фудбалери во францускиот фудбал кого претходно во Милан повредите го спречија да покаже што знае, го постигна голот на кариерата.

Најдобриот гол што не си го видел

Дерби во Колумбија меѓу Меделин и Толима. Гостите водат 0-1 и во 25’ минута Хуан Давид Валенсија решава сам да тргне во напад. Првиот дриблинг при приемот му е чудесија.

Енди Мареј низ солзи кажа дека се повлекува од тенисот

Поради сериозни проблеми со повредите кои го спречуваат нормално да функционира не само на тениските терени туку и во секојдневниот живот, Шкотланѓанецот, некогаш број еден светски тенисер, најави дека во скоро време ќе стави крај на кариерата поради страшни болки.

Добро го тоа мислеше, лошо го тоа направи

Легендарниот коментар на Таско, совршено ќе легне како наслов за овој обид за слободен удар на Јордан против Сирија, кој за жал остана само обид. Колку и да му беше лоша завршницата на кутриот Муса, пак да си пробате, бидејќи фората е супер.

Кајл Вокер си ги дрибла на Инстаграм Роналдо и Меси

Бекот на Манчестер Сити влезе во листата на стрелци на историскиот триумф на Сити против Бартон од 9:0. За него ова е втор гол за Сити и вкупно осми во кариерата. Гол со кој им кажа на двете супер ѕвезди дека годинава не можат со него.

Навивачот кој не издржа да го гледа срамот од 8:0

На денешен ден пред точно 29 години, Ливерпул го декласираше Свонси со еден гол помалку од Сити против Бартон. Покрај резултатот, од мечот произлезе уште еден легендарен момент, а тоа е гостинскиот навивач кој излезе подобар стрелец од играчите на Свонси. Едвај го фатија.

Пакетот Холанѓани во Милан и смешниот бек Рајзигер

Во тоа време дојдоа на „Сан Сиро“ како големи засилувања затоа што со Ајакс доминираа во Европа под водство на Ван Гал. Тифозите на Милан имаа големи очекувања но добија тешки разочарувања.

Како синот на Лилиан Турам го елиминираше ПСЖ од Купот?

Циркус. ПСЖ после дури 44 натпревари изгуби на домашен терен и тоа во Купот, од убедливо последнопласираната екипа во француската Лига 1 - Генгам.

Позитивните страни за тренерот на Бартон во дебаклот со Сити

Стратегот на англискиот третолигаш Бартон, Најџел Клаф не падна во депресија по ултра високиот пораз во Лига Купот од 9:0 против Манчестер Сити. Напротив, излезе цар со изјавата.

Изживувањето на Сити над слабиот Бартон не е прво во историјата

Во првиот меч од полуфиналето на англискиот Лига Куп, Манчестер Сити со 9-0 го испраши немоќниот Бартон и го израмни својот историски рекорд.

Оди лечи се со тикетов

Манчестер Сити синоќа се иживуваше со третолигашот Бартон, му излезе со прв состав во полуфинале од Лига Куп и го демолираше со 9:0. Го имаме махерот на колото (ова на колото е премалку, ама не ставаме на сезоната ради малата добивка). Веројатно никаде на друго место на планетава немало ваква уплата.

Голманот на Монако е херој со три одбранети и еден постигнат пенал

По бедните резултати во домашното првенство и грчевитата битка за опстанок, на Тиери Анри конечно да му тргне нешто од рака. Неговиот тим се пласираше во полуфиналето од Лига Купот благодарение на едно лудо младо голманче.

Македонија се пласираше на Европско првенство во одбојка

Одбојкарите се дискретните херои на почетокот на новата 2019 година. Со убедлив триумф од 3-0 над Унгарија, најдобрите македонски одбојкари го остварија сонот да се пласираат на едно Европско првенство.

Министерство за култура им дава пари, а тие плукаат по Македонија

Неколку дена откако се појави веста дека министерството за култура на Македонија спонзорирало видео спот за промоција на навивачката група на Шкендија, навивачите на овој тетовски клуб дале интервју за еден италијански портал во кое отворено зборуваат против Македонија.

Како би изгледала кошаркарска акција со Гвардиола како тренер

Ја имаме Барселона од Камп Ноу од времето на Пеп или ова, како сакате, претворена во НБА тимот на Сакраменто Кингс. Толку ја одолговлекоа, што се подзамисли и коментаторот, ама па атракција во НБА не мора секогаш да содржи цепелин или тројка во последна секунда.

Само на Хамшик му е жешко на времево

Во Серија А сезонава за прв пат играчите добија зимски распуст од нова година па до 20-ти јануари. Марик Хамшик не знаеме каде го поминува, ама очигледно имаат премногу слободно време со другар му, па ги фаќа и с`клет.

Лацијалите славеа роденден на клубот, полицијата ја прекина забавата

Околу 2.000 тифози на римски Лацио се собрале на плоштадот „Либерта“ со цел да ја прослават 119-годишнината од основањето на нивниот миленик, но полицијата морала да реагира поради наводно нарушување на јавниот ред и мир.

Боксерот кој ги одбележа протестите на жолтите елеци

Понесен од граѓанскиот гнев, некогашниот боксерски шампион на Франција сам со голи раце излегува пред неколку специјалци во полна опрема и ги поклопува како кегли. Стана херој на „жолтите елеци“ кои собраа многу пари за неговата казна. Полицијата му одговори на Твитер.

Навивачи vs полиција 1:0

Полиција врши претрес на навивач кој наводно крие бакљи. Другиве го прават она кое ние го правевме кога Шаќири се местеше на корна или кога Барди изведува слободен. На крајот победуваат навивачите и им прават шоу на џандарите ин јор фејс.

Калиниќ, Тевез, Рибери - до врвот на светот со сериозни деформитети

Приказните на српскиот кошаркар и аргентинскиот и француски фудбалер се многу инспиративни. За разлика од многу други, овие тројца никогаш не правеле трагедија од тоа што ги снашло во животот и ги оштетило за век векови. Напротив.

Како Каладзе го реметел Гатузо за роденденот

Нема крај на анегдоти од кујната на Милан, ама од оној носталгичниот со легендите предводени од Анчелоти. Токму Карло има една за раскажување за роденденот на Рино кој денеска полни 41 година.

Навивачка страст за Њукасл, пуштена на најјако

Каква е оваа навивачка страст, култура, љубов кон клубот или како другачије да ја неречеме? Англичаните одат секое коло на гостување и тука нема ништо неочекувано, ама да бодриш деца на натпреварување, трето по ранг на островот, треба стварно да си тежок фанатик за фудбал.

Блазе си ти што ќе живееш вечно

Со легендарниот Драгослав Шекуларац на посебен и уникатен начин се опрости неговиот градски ривал од Партизан и голем пријател, со зборови кои само му даваат тежина на името на вечниот фудбалски ас.

Што ти бидна бе Курто?

Голман е во австралискиот прволигаш Велингтон Феникс, по националност е Пољак, името му е Филип, а презимето Курто. Толку од нас, остатокот вие ќе треба да ни го објасните.