Дејан Савичевиќ рече „Секогаш ќе останеш во моите сеќавања“, но најемотивен беше Милутин Шошкиќ – Шоле, легендарен голман на Партизан кој на 31 декември наполни 81 година.
Интересно, Шоле бранел за Партизан токму во истата временска рамка во која Шеки го носеше дресот на Црвена Ѕвезда, од 1955-та до 1966-та година, а беа соиграчи во селекцијата на Југославија.
Неговиот ривал, а истовремено и пријател, за Шекуларац вели вака:
„Блазе си ти што ќе живееш вечно, имаше и за што да се родиш. Поздрав брату, легендо. Нека ти е лесна српската земја“
Семејството на Шекуларац, роден во Штип на 8 ноември 1937-ма година, соопшти дека погребот ќе биде на 10 јануари во Алејата на заслужни граѓани на новите гробишта во Белград.
Драгослав Шекуларац ќе остане запаметен со златни букви во аналите на југословенскиот фудбал како крал на дриблингот, фудбалски порок и човек кој беше магнет за публиката.
За него:
АНЕГДОТАТА ЗА МИЛАН КОГА ГО БАРАЛ ШТИПЈАНЕЦОТ ШЕКУЛАРАЦ