Позитивните страни за тренерот на Бартон во дебаклот со Сити
Стратегот на англискиот третолигаш Бартон, Најџел Клаф не падна во депресија по ултра високиот пораз во Лига Купот од 9:0 против Манчестер Сити. Напротив, излезе цар со изјавата.
На прашањето за позитивните страни од мечот, вели вака:
„На крајот од мечот од таборот на Манчестер Сити довикуваа „сакаме 10“, но ние со голема борба ги спречивме да не победат 10:0. Тоа е позитивно за нас“.