Откако гостите синоќа во четвртфиналето од Купот, среде Париз издржаа да не примат гол во прво полувреме, во второто во 61’ минута добија и пенал за водство.
Топката ја зема нивниот најдобар фудбалер - Маркус Турам (син на легендата на Јуве и освојувачот на Светско злато 1998 Лилијан Турам) и промаши бајаги над голот:
Не поминаа две минути, а Нејмар со глава го казни Генгам и го отвори резултатот:
И додека сите кои го типувале ПСЖ очекуваа дуплирање на водството и убедлива победа на „светците“, се случи чудо. На другата страна од буквално две контри, Генгам доби два пенала. Првиот го искористи НГбакото за 1-1:
А во 90+2’ минута, длабоко во судиското продолжение син му на Турам се одважи пак да ја преземе одговорноста и овојпат беше сигурен за сензационални 1-2 и испаѓање на ПСЖ од Лига Купот на Франција:
PSG knocked out of the Coupe de la Ligue with a 93rd minute penalty scored by Marcus Thuram...yes that Thuram. Marcus Thuram is the son of Juventus legend and World Cup winner Lillian Thuram, he was named after Jamaican activist Marcus Garvey.
— Damian (@FootballFact101) January 10, 2019
****
Маркус Турам е роден на 6 август 1997 година во градот каде татко му ги доживеа едни од најубавите моменти во кариерата - Парма.
Маркус почнал да тренира фудбал во анонимниот клуб Олимпик де Неули, а потоа играл во клубовите Булоњ Биланкур и Сошо. За разлика од татко му кој беше класичен десен бек и стопер, Маркус игра како крилен напаѓач.
Професионалното деби за сениорите на Сошо го имал на 20 март 2015 година во 29 коло од Лига 2 против Шатеру кога влегол од клупата. После две сезони во Сошо за кого одиграл 43 средби и дал еден гол, во 2017-та потпишал со Генгам каде до денес има 14 гола на 50 натпревари и важи за најдобар играч на екипата. Во 2016 година станал европски шампион со Франција У-19 а на 10 септември 2017 го постигнал првиот гол во Лига 1.
Досега играл за репрезентацијата на Франција до 17, до 18, до 19 и до 20 години.
Сезонава има 7 гола на 14 меча во Лига1.