Offside

Некогашниот македонски репрезентативец Илија Несторовски кој врвот на кариерата го имаше во италијански Палермо каде од коло во коло даваше голови против големите италијански клубови, сега после неколку повреди се врати во Хрватска од каде го трасираше фудбалскиот пат. Игра за Славен Белупо и тоа како игра.

Лабаво со Салах за време на снимање реклама

Секогаш кога ќе утне некој цел гол од 7 метри должина и 2 метри висина, нека го ѕирне видеово на Салах и нека фати да вежба прецизност. Инаку тука Салах не носи копачки и е на снимање реклама за Пепси. Каква левица.

Каков погубен податок за Тотенхем

Да навиваш за Тотенхем во англиско, ти е исто како да навиваш за Валенсија во шпанско или Фиорентина во италијанско. Да моли човек за трофеј, а не дека се ова лоши екипи, туку напротив, баш се симпатични и често им прават бељи на екипите од прв ешалон.

Коментаториште!

Купот на Јужна Америка за играчи до 20 години се игра во Чиле. На мечот меѓу Венецуела и Бразил (2-0), при водство на првиве од 1-0, 18-годишниот Хан Хуртадо тргнал во брза контра по една украдена топка. Коментаторот на аргентинската телевизија TyC Sports имитираше звуци од формула.

Ти на мене ќе ми глумиш Нејмар

Деветкава зема да дрибла карпа човек. Иако има конституција како за кошаркар или ракометар, внимавајте добро како ќе му врати. Колку ќе беше штета ако не го уснимеа.

Падна гол после најдолга комбинација, а не е Сити ниту Барса

Минатото коло во Бундеслига падна можеби најтикитака голот на сезоната. Фудбалерите на Борусија Менхенгладбах го нокаутираа Шалке на гости во последните пет минути. На вториот гол кој во 90’ минута го постигна Флоријан Нојхас му претходеше 61 додавање.

Теоријата дека Роналдињо би бил уште погенијален ако го решел проблемот со забите

Стоматолози и експерти на темата тврдат дека Бразилецот имал потешкотии со дишењето поради што не можел да пружи максимум од својата издржливост на теренот. Тој одбивал операција затоа што таа ќе го одвоела од фудбалот на подолго време.

Најубавото време на Сони Плејстејшн 1

Вие што сте Фејсбук и Инстаграм генерација немате појма кои радости беа, а вие постарите додека го читате текстов протрљајте ги рацете за да се потсетите на возбудата од држење џоистик со саати.

Кога ќе легне волеј нема зима

Пријателска во Анталија меѓу данскиот Хобро и Шахтјор Доњецк. Микел Педерсен го отвора резултатот со страшен волеј.

Не сакам автограм од првиот голман на Интер, сакам од третиот

На Самир Хандановиќ, првиот голман на Интер и Даниеле Падели, неговата резерва на клупата им пришло едно дете кое барало автограм од третиот голман Томазо Берни за кој малку кој слушнал.

Алал да му е на тој што ја дал идејава

Паок од Солун vs Аек од Атина. Речиси едно вековно дерби на кое се случило и видело сè и сешто, ама не и ова. Не за џабе се вели дека фудбалот е еднаков за сите. Браво, кој знае со каков ќеиф го правеле ова.

Најинтересни моменти од ел класико Барса - Реал во Купот

20 дена ќе почекаме до реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ кој треба да биде пеколен. Синоќа имаше неколку интересни моменти.

Мал пад на Македонија на ранг листата на ФИФА

Светската куќа на фудбалот ја објави првата ранг листа за 2019-та на која евидентни промени има само кај земјите кои учествуваат во Азискиот Куп на нации.

Марсело си свиркаше за голот на Барселона

Еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид во последните неколку сезони, Бразилецот Марсело синоќа потфрли при нападот од кој Барселона израмни 1-1 преку Малком.

Семедо го прати Рамос по хот дог

Нелсон Семедо и Серхио Рамос во битка за една топка на синоќешното Ел Класико. Во еден момент стоперот на Реал излегува целосно од кадар. Да не беше повторената снимка од друга камера, немаше да дознаеме каде заврши човекот.

Тимур Дибиров во тенис

Ѓоковиќ има 15 Грен слем титули, Надал 17, Федерер 20. Ако трофеите случајно не им се повеќе предизвик, еве им нека го вежбаат ова. Фасцинантен потег и поен на Американецот Денис Новиков.

Вардар го растури Рајн-Некар среде Мајнхам

И покрај сите најави дека Вардар ќе има тешко гостување кај германскиот гигант Рајн-Некар, „црвено-црните“ од почеток до крај на мечот демонстрираа шампионски ракомет и славеа 27:30.

Лажеш к’о Бурак Јилмаз

Ако некогаш ви побараат да најдете сушта спротивност на Паоло Малдини или Франческо Тоти, вие кажете му Бурак Јилмаз.

Џандари криминалци

Ултрасите пцуеле, ултрасите се тепале, ултрасите дилале дрога, ултрасите краделе. Добро, ајде да видиме што прават тие кои треба да ги спречат во тоа.

Како се игра еден на еден во маало

„Рогај ја, не дриблај сам пред гол, ќе ти ја земат“ е стандард фраза од ние кои се во напад, до оној кој игра последен во одбрана. На овој глупо е да му солиш памет.

Македонецот од Шведска кој важи за бисер на Аталанта

Дејан Кулушевски е роден на 25 април 2000-та година во Стокхолм. Нашата федерација имаше неколку обиди да го привлече да заигра за Македонија (му пратиле потпишан дрес од Пандев), тој во 2016-та настапи за репрезентацијата U-16, но подоцна решил да го носи дресот на Шведска.

Денот кога Солскјер влезе од клупа и даде 4 гола за 10 минути

Оле Гунар е прав миленик на навивачите од „Олд Трафорд“. Не само поради легендарниот гол против Баерн 99-та кога им донесе пехар во Лига на шампиони, туку и поради многу други епски погодоци.

Што ти значи да си играл во Барселона

Денис Суарез не е некое славно име како што е на пример Луис Суарез, ама тоа не значи дека не може да ги изеде колегите (во бирање женски). На 30 јануари Барса го прати на позајмица во Арсенал, што значи дека Лондон од тој ден е уште поубав. Тоест многу поубав, бидејќи со него замина и 21 годишната Надиа. Уживајте.

Вие имате пиротехника? Ние имаме човек што блуе оган

Најголемото дерби во уругвајскиот фудбал меѓу Пењарол и Насионал, во Суперкупот, го добија вториве на пенали, откако регуларниот дел заврши 1-1. На трибините, како и секаде во Јужна Америка, права фешта. Сега првпат имаа и човек што блуе оган на трибината.

Клубот на Бекам, Гигс, браќата Невил и Сколс напредува многу добро

Kлубот на легендарната дружина од Манчестер Јунајед, Салфорд Сити освои три промоции во последните четири години и сериозно се качува по скалилата нагоре. А кога дошле првпат во клубот, Гери Невил прашал: „Овде треба нов напаѓач или нов тоалет“?