Теоријата дека Роналдињо би бил уште погенијален ако го решел проблемот со забите

Стоматолози и експерти на темата тврдат дека Бразилецот имал потешкотии со дишењето поради што не можел да пружи максимум од својата издржливост на теренот. Тој одбивал операција затоа што таа ќе го одвоела од фудбалот на подолго време.

Рони беше далеку од моделот за спортист кој држи строг режим и смртна озбилност. Тој се однесуваше лесно со фудбалот кој за него беше фиеста. Секоја секунда на теренот му беше уживање.

Неговата заразна насмевка и неверојатните дриблинзи асоцираа на вечна среќа. Единствено што тој не секогаш беше насмеан, туку едноставно поради проблем со забите и вилицата, устата често му беше полу-отворена.

ПРОБЛЕМ СО ЗАБИТЕ УШТЕ ОД МАЛ

Бразилски стоматолог еднаш раскажал дека проблем со забите Рони имал уште од раѓање.

Во детството често го закачкале и го викале забле. Нему тоа му сметало и кога стана суперѕвезда не сакал да зборува за тие епизоди од детството. Во интервјуа знаел и да каже дека соиграчите од тимот не го забележувале неговиот дефект.

„Како мал морав вечно да глумам поради забите за кои сега сите зборуваат. Се лутев и бев навреден, но со тек на време го прифатив мојот надворешен изглед. Решив дека забите ќе бидат моја визитка. Секако дека не се сметам за лепотан и нема да бидам модел како Бекам.“

Но не ги исправил забите. Како и секој мал Бразилец, бегал од школо за да игра фудбал, не учел, но затоа правел чуда со топката на школските натпревари.

„Имам големи, чисти и здрави заби какви што никој нема. Зошто би се смеел? Знам луѓе на кои им се допаѓаат моите заби.“

ТЕОРИЈАТА ДЕКА СО НОРМАЛНИ ЗАБИ БИ ИГРАЛ УШТЕ ПОДОБРО

Со текот на годините проблемот со вилицата излегол од детски комплекси и интересот за привлечност кај жените.

Роналдињо открил и дека едно време имал проблем со дишењето преку нос. Оваа непријатна патологија почнала да му се одразува и на теренот.

Бразилски стоматолози кои имале увид во неговата ситуација, го предупредувале за сериозни проблеми поради дишењето само на уста. Тој ги слушал, но не се засекирал многу.

Не се цимнал ни кога го предупредиле дека губи околу 22% од издржливоста поради неправилниот начин на дишење и дека ќе биде уште појак ако има нормални заби.

Оваа теорија била оправдана со фактот дека издржливоста во многу зависи и од кислородот во мускулите: играчот послабо се движи, послабо шутира и губи снажни дуели.

Во исто време, поради отежнато дишење организмот може да има и претерана вентилација (во која има размена на воздух меѓу атмосферата и воздушните торби во белите дробови).

Дишењето на нос го продолжува патот до непријатен и неизбежен праг поради кој фудбалерот се соочува со недостиг на воздух: подлабоко дишење проникнува до мускулите. За тоа зборувал и доктор Мич Ломакс од Универзитетот во Портсмут кој за само шест недели ја зголемил брзината кај 15% од професионалните атлетичари на чие дишење работел:

„Телото е проектирано така што срцето и дишните мускули први добиваат кислород од крвта, па потоа го распределуваат понатаму. Поради тоа рацете и нозете први се изморуваат“.

Во спортската стоматологија во Бразил имало сличен случај кој стана епски. Големиот Роналдо за малку не прекинал со фудбал на 15 години: брзо се уморувал на терен и едвај стоел. Тренерите се откажувале од него.

Феноменот исто имаше проблеми со предните заби, со дишењето и со два инфекциски канали.

Тогаш Роналдо се решил за протези кои буквално му ја спасиле кариерата: се испоставило дека претходно отежнатото дишење го истоштувало за 21% од вкупната издржливост, а секој отворен канал му земал уште по 17% од снагата при тешкото дишење.

Откако ја исправил вилицата, Роналдо заиграл далеку поангажирано и во ’90-те години стана најдобар напаѓач на светот: моќен, јак, брз, експлозивен.

Единствена маана на ова било страшното хрчење навечер. Роналдињо и додека спиел дишел само преку уста, па недостигот од кислорот се заканувал да му развие ноќна апнеа (состојба на нарушување на ритамот на дишење во текот на спиењето).

Ова било мошне сериозно па Роналдињо бил принуден навечер да легнува со протези.

Во подоцнежна кариера тој признал и други проблеми. Уште во Барселона му кажале дека исправањето на забите би бил тежок и болен процес. Тој раскажал и дека на одмор во Бразил носел протеза и работел на дишењето.

Проблематичната вилица играла улога во неговото заминување од Барселона. Рони станал помрзелив, доцнел на тренинзи, не трчал, не се залагал (секако и поради ноќни будалења и лумперај до зори) и заборавил на фудбалот - но пред сè не одговарал во стилот на Пеп Гвардиола.

Бразилецот брзо испаднал од игра па и навивачите не жалеа долго поради неговата продажба.

РОНАЛДИЊО ГИ ИСПРАВИЛ ЗАБИТЕ ПРЕД КРАЈ НА КАРИЕРАТА

Во 2013 година неверојатниот Роналдињо ја доработуваше својата пензија во Атлетико Минеиро. Фудбалот одамна не беше во центар на неговото внимание - Рони играше ретко, а почесто снимаше реклами.

Полека го губел статусот суперѕвезда па решил да поработи на надворешниот изглед и здравјето.

Платил 50.000 евра за операција: му ставиле порцелани кои му ги закрепнале и исправиле забите. Дали поради тоа, или не, ама Рони веќе на следниот меч блеснал а брат му, кој му беше и менаџер, рекол дека порцеланите не му се неудобни.

****

Роналдињо веќе завршил со фудбал. Активно снима реклами и така го поправа своето салдо за кое имаше приказни дека не стоело баш добро после фудбалот: снима за обложувалници, за пиво, за модни бренодви, за енергетика.

Се појави и во политичка кампања што не е баш во склад со неговиот карактер - секако, исто поради пари. Пред неколку години тој основал риболовна платформа но на неприкладно место, поради што добил драконска казна за уништување на природата.

Казната не ја платил на време па сега е должен 2 милиони евра кон државата која му ги конфискувала машините.