Каков погубен податок за Тотенхем

Да навиваш за Тотенхем во англиско, ти е исто како да навиваш за Валенсија во шпанско или Фиорентина во италијанско. Да моли човек за трофеј, а не дека се ова лоши екипи, туку напротив, баш се симпатични и често им прават бељи на екипите од прв ешалон.

Навивачите на Арсенал и Челси денеска му пукаат јак сеир на градскиот ривал Тотенхем со “голем јубилеј“ од 4.000 дена без никаков освоен трофеј.

Последен пат оваа екипа која одлично се држи во горниот дел на табелата, се радувала на трофеј во 2008-ма, а и тоа не е некој многу ценет. Се работи за Лига Купот кој го добија токму во финале против Челси.

Сините на стадионот Вемлби имаа предност од 1:0 со голот на Дрогба, но Бербатов од пенал во 70-та и Џонатан Вудгејт во 94-та се погрижија за пресврт и славје.

Тотенхем првенството го има освоено само два пати во 51-ва и 61-ва година, а ФА Купот осум пати, последен пат во 91-ва година. На меѓународна сцена може да се пофалат со две титули во Лига Европа во 72-ра и 84-та година и еден Куп на Куповите на победниците во 63-та.

Од последниот трофеј на Тотенхем до сега 10 англиски екипи освоиле вкупно 36 трофеи.

7 февруари 2019 - 14:40