Ако првата мисла на враќање од школо не ти е да наминеш на флипери за каде ти требаа минимум 5 денари, тогаш се знае дома што ќе се прави. Најдобро е да имаш дента четири часа или уште појако да губиш часови за да имаш изговор пред твоите да играш повеќе.
Го викаш првиот комшија за да се млатите без престан, а ако сте повеќе тогаш со бољи пар, нешто како на серва во маало. Има и трета опција, односно таа секогаш е прва, а тоа е да играш сам. Колку послаб левел местиш, толку повеќе го плескаш Сонито со голови, па кога ти здосадува го појачуваш.
Кога ќе стиснеш на дугмето единствениот проблем може да биде да не ти го чита ЦД-то. Ако ја прашаш мајка ти што да правиш, она ќе рече да го исчистиш ласерот со ракија. Имаше и друга фора, а тоа е да го лупнеш со рака или да го потпреш на страна.
И кога на телевизорот ќе ти се појави знакот на SONY за тебе светот престанува. Маѓепсан си од графиката, одиш на next, next, next и побрзо гледаш на избереш екипа. Омилена репрезентација ти е Бразил, поради Роналдо и пред се слободните удари на Роберто Карлос, бидејќи ако ја наполниш енергијата колку што треба нема утка.
Најголеми шанси за да играш подолго е за викенд (со напишано домашно) или за дочек на нова година кога те пуштаат да седиш до покасно.
Какви бре мобилни, таблети, компјутери, ајпади, фејсбуци, Сони Плејстејшн кецот беше број 1 во пакет со Winning eleven или најпросто кажано фудбалчето.
Не треае тоа џоистицити многу мамата нивна, па често од два купени остануваш со еден читав, па се мољакаш дома да ти купат уште еден од пазар.
Колку само се потеа рацете, па стискаш пауза за да ги забришеш од колена.
Безвременскиот слободен удар на Роберто Карлос прво во вистинска, па во Сони верзија ќе ве врати во тоа преубаво носталгично време за кое треба човек шамар да си врзе за секој пат кога како мал си викал „Едвај чекам да пораснам“.
Бидејќи тогаш немаше Википедија, уште ова: Сони Плејстејшн 1 е јапонска ствар реализирана во 1994-та и една година подоцна донесена во Северна Америка, Европа и Австралија. Конкуренција му беше Нинтендо 64 и Сега Сатурн. Вие што сте родени во 80-те знаете за што зборуваме.
И уште ова