Најинтересни моменти од ел класико Барса - Реал во Купот

20 дена ќе почекаме до реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ кој треба да биде пеколен. Синоќа имаше неколку интересни моменти.

Првото ел класико во полуфиналето на шпанскиот Кралски куп заврши 1:1. Меси не играше од почеток, влезе во последните половина час.

Мадрид го шокираше „Камп Ноу“ уште во 6’ минута: Новиот Бразилец во Реал, Винисиус фантастично го пронајде Бензема кој му асистираше на Лукас Васкез за 0-1:

- Реал Мадрид така брзо на „Камп Ноу“ не повел цели 12 години. Во март 2007 година Руд ван Нистелрој во 5’ минута го олади стадионот на Барселона. На тој меч Меси го постигна првиот хет-трик во ел класико но тоа не и помогна на Барса да победи (3:3).

- Серхио Рамос доби жолт картон уште во 10’ минута. Сега тој има 23 жолти картони во дуелите со Барселона и тоа е апсолутен рекорд кој тешко некој да го достигне скоро. Легендарниот Фернандо Јеро претходно имал 20 жолти во средбите со Барселона, Пепе 15 а Пујол 13.

Најактивен играч на Барселона во првиот дел беше Малком, човекот кој сезонава ретко добиваше шанса и сакаше да замине од Каталонија.

Ова беше дебитантско ел класико за Бразилецот кој дојде од Бордо. Токму тој го израмни резултатот по една страшна молњевита акција на Барса во 57’ минута во вториот дел за време на која бекот на Реал Марсело заспа:



- Бразилецот Винисиус (18 години и 209 дена) кој е одличен на топка, стана најмладиот дебитант на ел класико уште од 2007 година. Тогаш Бојан Кркиќ влезе на терен со 17 години и 117 дена. А Реал Мадрид цели 24 години немал толку млад играч во составот за едно дерби против Барселона. Во 1995 година во игра влегол 17-годишниот Раул.

Бразилецот Винисиус

Реванш мечот се игра на 27 февруари на „Сантијаго Бернабеу“. До тогаш и обете екипи ќе играат во нокаут фазата од Лига на шампиони: Барса ќе оди во Франција кај Лион а Реал во Холандија кај Ајакс.