На 6 февруари 1999 година, на неколку месеци пред мечот со Баварците во финалето на ЛШ, Манестер Јунајтед гостувал на „Сити Граунд“ кај Нотингем.
„Црвените ѓаволи“ воделе 1:4 кога сер Алекс Фергусон решил да го стави во игра Солскјер во 72 минута наместо Двајт Јорк. Помошникот на Ферги, Џими Рајан подоцна раскажал дека Норвежанецот го советувале да игра повеќе на додавања и да ги разигрува соиграчите.
Оле не ги послушал и за 10 минути направил „покер“! Јунајтед славел 8-1:
Ова до ден-денешен е најгубедлива победа на Јунајтед на едно гостување во сите натпреварувања.
Норвежанецот со бебешко лице на 19 декември 2018 стана тренер на Манчестер Јунајтед кој го отпушти Жозе Мурињо. Неговото доаѓање го препороди тимот кој со Оле Гунар има 9 победи и 1 нерешена средба, со гол разлика 25:7.