Offside

Младиот 22-годишен центарфор на Клуб Бриж Николо Тресолди е сензација на 2. коло на Лига на шампиони. Тој постигна 3 гола а можеше уште толку против Интер на гости во неверојатниот триумф на белгискиот шампион 3-4 на „Џузепе Меаца“. За него неколку месеци се борат селекторите на Германија и Италија Клоп и Манчини, а сега интерес покажува и Аргентина.

На дизајнерот на логото Puma му нуделе доживотен процент, тој побарал само патики и ранец

Лутц Бакес, германскиот карикатурист којшто во зоолошка градина ја насликал првата скица за логото за гигантот Puma и кој после сè, останал цврсто на земја иако можел да заработи милиони евра.

Замина македонската коментаторска легенда со најмногу постигнати голови

Ако некој човек од спортот најмногу нè импресионирал со збир од знаење, стаж, меморија, анегдоти, па и хумор тоа дефинитивно е Ивко Панговски. Човекот кој го има во три енциклопедии. Човекот кој знаеше повеќе од Гугл. Човекот кој пиеше виски со Кирк Даглас. Човекот со кој беше прекусо правењето интервју два дена по три часа.

Првиот гол на Сидорф за Ајакс со 16 години

На денешен ден во 1993 година, детето кое подоцна стана голема клупска легенда на Реал Мадрид и Милан, го постигнал својот прв гол за матичниот Ајакс. Имал само 16 години и 361 ден и навестил што ќе се очекува од него.

Баерн се остри како никогаш досега, спремни да се мерат со шеиците

Финансискиот плус, фантастичната состојба, редот и поредокот во клубот не можат да ја намалат болката по испаѓањето од Лига на шампиони, па Баварците се решени после неколку години да ја одврзат вреќата со пари.

Макпетрол сигурни во дуелот со Уника

Лукоил, Матрикс и Макпетрол славеа победи во последниот ден од 18. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Клуб од Чиле ќе патува повеќе од 4.000 километри со автобус на гостински меч

Во новата сезона од чилеанската втора лига, Индепендиенте ќе го има најдалечното гостување во историјата, затоа што ќе треба да пропатува од едниот до другиот крај на земјата ама не со авион.

Како ли да се опише овој грев?

Сигурно ги знаете овие видеа од соблекувална каде цел тим жонглира со глава, а последниот има задача да даде гол во кофа или што и да е округло. Следниот пат ќе го прават ова со играч мање, ама 100%.

Голманска асистенција на погрешен човек во погрешен гол

Некои видеа се тешки за објаснување, а токму ова е такво. Голманов од англискиот нисколигашки фудбал имаше најдобра намера, ама тоа се тие ризици кога ќе го напуштиш голот. На крајот се случи тоа што се случи. Немаше друго чаре.

Кога последен пат Италија постигнала 6 гола?

Без разлика што играа против Лихтенштајн, селекција која ја имаме здробено 11:1, победата од 6:0 е изненадувачка за селекција како Италија чија филозофија отсекогаш била како да се одбрани за да победи. Истата реализација како вчера ја имале пред дури 26 години.

Самскиот живот на трет резервен голман

Третите голмани тренираат регуларно со екипата и патуваат на натпреварите, иако знаат дека нема ама баш никакви шанси да застанат на голот. Тоа се случува само во ретки случаи кога тимот има криза со повредени голмани.

Гранит со одлична игра до победа над МЕПСО

Гранит, ЕВН и Алкалоид славеа победи во вториот ден од 18. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Грците ја направиле гостинската соблекувална гомна и лајна

Секоја чест за кам бекот на Грција која по негатива од 2:0 по 15 минути игра, се врати во вториот дел и стигна до израмнување против БиХ во квалификациите за ЕП 2020. Него што е со третото полувреме во соблекувална? Штала ја направиле.

Крис Пол го прати Диџеј Вилсон во соседната сала

Милвоки го совлада Хјустон со 108:94, а потегот на мечот го направи Крис Пол кој не само што остана сам лабаво да си шутне тројка, туку му ги исчаши зглобовите на Диџеј Вилсон и буквално го упропасти во овој дуел. 

Иритантниот сервис на Кирјос со кој ги нервира противниците и публиката

Иако нема ништо против правилата, ваквиот сервис под рака важи за многу неспортски и неферски, а за тоа зборуваше и Рафаел Надал пред неколку дена, откако Кирјос го напна во целост.

Финскиот Арпад

Лукаш Храдецки е роден во Братислава, Словачка, има 29 години и е познат бундеслигашки голман. Решил да брани за Финска каде настапувал уште како млад, а синоќа беше најзаслужен што репрезентацијата на оваа земја славеше 0:2 на гости кај Ерменија во квалификациите за Европско 2020.

И на Роналдо еднаш му стоеше еден човек на жив ѕид

На човек со 5 златни топки и 5 трофеи во ЛШ тешко е да му најдеш маана. Слободните удари уствари него му се далеку од маана, бидејќи ги гаѓа јако, ама на Мундијалот во Бразил кога се најде во една слична ситуација како вчера Пјаниќ, што да ви кажеме. Кристијано Шумуликоски.

Лудиот кам-бек на Данска од 3-0 за 9 минути

Кога тркалото ќе тргне по надолнина, тогаш нема враќање назад. Тоа на своја кожа синоќа го осетија репрезентативците и навивачите на Швајцарија на стадионот „Сент Јакобс“ во Базел.

Како старее така будалее

Фабио Кваљарела на овие години не потсеќа на една ситуација со Роберто Баџо кога беше ветеран. Тогаш цела италијанска јавност му вршеше притисок на Трапатони да го викне за репрезентација, нешто што Манчини го направи со Фабио без пењавење и со многу чувство. Трап не попушти.

Како ли се врати ерменскиов голман во колосек?

Најчудната, најспецифичната, а веројатно и најтешката голманска интервенција во овие шест дневни квалификации ја имаше голманот на Ерменија. Сте видиеле ли до сега друг голман два пати да се фрли при еден удар, ама првиот пат во празно?

Миралем Пјаниќ - Жунињо

Добро толку ли немаат акал Грците, па на Миралем Пјаниќ му ставаат еден човек на жив ѕид или еден ко ни еден? Остај тоа вие далеку е, нема шанси да ја даде од таму. Ова е за него пенал.

И жени да играат Јувентус го полни стадионот до даска

Уште еден доказ за тоа колку е Јуве понапред организациски и помоќен финансиски од сите други клубови во Италија. Без разлика за кого навиваме, треба да бидеме реални. Гледаме италијанско во ера во која веќе осма година никој не може да им се фати по ниту еден параметар.

Браво мали

На меч меѓу Галатасарај У-14 и Истанбулспорт У-14, капитенот на домашниот тим неправедно добил пенал. Дека од мал со право носи капитенска лента покажа после неколку секунди. Прав пример дури и за постарите колеги.

Имуноста на Роналдо од повреди благодарение на јак тренинг

Кристијано Роналдо многу ретко во кариерата отсуствувал од фудбалските терени, а синоќешната повреда на мечот со Србија нè натера да направиме кратка ретроспектива на овој сегмент од кариерата на Португалецот.