Иритантниот сервис на Кирјос со кој ги нервира противниците и публиката

Иако нема ништо против правилата, ваквиот сервис под рака важи за многу неспортски и неферски, а за тоа зборуваше и Рафаел Надал пред неколку дена, откако Кирјос го напна во целост.

Во третото коло на турнирот во Мајами, Ник Кирјос како по обичај ја нервираше и публиката и противникот, а во еден момент се скара со еден гледач кој го навредуваше па беше исфрлен надвор од полицијата.

Австралиецот не уважува ни публика, ни судии, ни противници, се кара со секого на теренот.

Во дуелот против Србинот Лајовиќ, Кирјос на два пати го повтори сервисот кој го изведе и во финалето на Акапулко против Надал - неочекуван сервис:

Тогаш во Акапулко Надал јавно зборуваше за недостиг на уважување и култура од страна на Кирјос, а меѓу другото го спомна и овој неферски сервис. Гневни биле и навивачите.

****

Но правилата се на страна на неретко безобразниот Ник Кирјос, барем оние правила на Американската тениска асоцијација.

Многу одамна кога тенисот почнувал да се раѓа како игра, во 1878 година на вториот Вимблдон во историјата учесниците сервирале вака затоа што мрежата тогаш била висока 122 сантиметри, а подоцна ја спуштиле за 15 сантиметри со цел сервисот да стане поефективен.

Сервисот од рака е мошне неспортски а за тоа пишува и на Википедија. Авторот на една статија за The Huffington Post во 2013-та година подвлекол паралела: „Моралноста на сервисот од рака ме интересира затоа што е како бизнис етика. Во бизнисот се постаува прашањето: „Ова е според правилата, но дали е етично? Ваквиот сервис во целост може да биде одраз на капитализмот на ХХI век.“

****

Што се однесува до епизодите со ваков сервис од под рака, има разни ситуации. На пример еднаш на Мастерсот во Канада судијата му го поништил ваквиот поен на Томаш Бердих, а неколку љубители на тенисот на социјалните мрежи пишуваа дека судијата херојски го обелил образот на оваа витешка игра.

Има и ситуации кога тенисерите едноставно поради физички проблеми во даден момент од мечот, сервираат така. На пример на Ролан Гарос минатата година Американецот Џаред Доналдсон не можел никако нормално и силно да севрира во петтиот сет од мечот со Григор Димитров и почнал на овој начин:

„Јас никогаш не би го правел тоа ако не бев повреден“, рекол Американецот.

А во 2016-та година на Челенџер, Мекензе Мекдоналд го освоил првиот сет на мечот против Питер Полански со ваков сервис:

27 март 2019 - 13:23