Историска голеада во ЛШ со рекордни 78 голови

Второто коло од новата сезона во Лигата на шампионите приреди вистински фудбалски спектакл и влезе во историјата на европскиот фудбал.

Со неверојатен просек од дури 4,33 голови по натпревар, ова коло официјално стана најефикасното во целата историја на ЛШ, уривајќи го претходниот рекорд од 71 гол поставен минатата сезона.

Од 18-те натпревари, на половина беа постигнати пет или повеќе голови, при што Астон Вила и Ливерпул постигнаа по шест, а натпреварите Рома – Реал Мадрид и Интер – Клуб Бриж беа вистински спектакли со седум погодоци. 

Викинг и Баерн одиграа 3:3, додека ПСЖ го доби Манчестер Сити на гости со 4:2.

Статистиката по првите две кола е фасцинантна. На вкупно 36 одиграни натпревари сезонава се постигнати дури 147 голови, а тоа е просек од 4,08 погодоци по натпревар.

Оваа рекордна ефикасност не е случајност, туку некои сметаат дека е одраз на новиот „швајцарски“ модел во Лигата на шампионите со 36 екипи кој комплетно го промени тактичкиот пристап на тренерите. 

Наместо традиционалните пресметки по групи каде екипите често калкулираа и играа на „сигурно“, новиот формат со единствена заедничка табела налага секој гол и секоја победа да бидат од огромно значење за директен пласман во осминафиналето.

РЕКОРД ПО БРОЈ НА ГОЛОВИ ВО ЕДНА СЕЗОНА

655-те гола на 189 натпревари во ланската сезона 2025/26 е рекордна како во однос на вкупниот број голови, така и во однос на головите по натпревар. Просекот од 3,47 гола по натпревар го надмина рекордот поставен претходната година, кога тој изнесуваше 3,27.

ТОП 5 КОЛА СО НАЈМНОГУ ГОЛОВИ

2026/27: 2. коло (78 гола)
2025/26: 3. коло (71 гола)
2026/27: 1. коло (69 гола)
2025/26: 1. коло (67 гола)
2024/25: 5. коло (67 гола)

РЕКОРД НА ГОЛОВИ ВО ЕДНА ГРУПА ВО ЕДНА ВЕЧЕР

25 октомври 2022 е ноќта кога паднаа најмногу голови во една група:
Група Х: Бенфика - Јувентус 4:3, Париз - Макаби Хаифа 7:2.

Резултатите од вторник/среда ова коло:

Головите од првата и втората ноќ.

15 октомври 2026 - 12:00