Имуноста на Роналдо од повреди благодарение на јак тренинг

Кристијано Роналдо многу ретко во кариерата отсуствувал од фудбалските терени, а синоќешната повреда на мечот со Србија нè натера да направиме кратка ретроспектива на овој сегмент од кариерата на Португалецот.

Враќањето во репрезентацијата после неколку месеци (не играше Лига на нации), не беше сјајно за Кристијано. На мечот со Украина во првото коло не реализираше неколку шанси (0:0), а во понеделникот на мечот со Србија (1:1) ја доживеа првата повреда во сезоната.

На почетокот на мечот доби удар во носот

А на средината од првиот дел капитенот на Португалија го повреди бутниот мускул (истегнување) и не можеше да го доигра натпреварот од квалификациите за Европско 2020. И во тој момент побара измена:

Од лекарскиот штаб на португалската репрезентација се уште не прецизираа колкава ќе биде паузата на Роналдо поради повредата, но Кристијано е мирен:

„Јас сум спокоен, го знам своето тело, за две недели ќе бидам во ред“, рекол најдобриот стрелец на Јувентус сезонава.

За 16 дена италијанскиот шампион го игра првиот меч од 1/4 финалето на Лига на шампиони против Ајакс, а до тогаш ќе одигра и три средби во Серија А - против Емполи, Каљари и Милан.

Последен пат Роналдо се повредил на крајот од минатата сезона - уште како играч на Реал на дербито со Барселона (2:2), кога го повреди скочниот зглоб на ногата. И тогаш брзо се врати - за само седум дена беше во полн тренинг.

Повреда на мускул заработил уште од декември 2017 година кога почуствувал болки но се вратил за само три дена. Како играч на Реал Мадрид, Роналдо еднаш пропуштил 9 натпревари (42 дена) во сезоната 2009/2010.

Ако се земе за ориентир поранешната статистика на Роналдо со повреди, тогаш можно е тој за Ајакс да се врати спремен. Претходно Кристијано поради мускулни повреди не отсуствувал повеќе од две недели (во 2011-та - 11 дена, во 2014 - 13 дена, во 2017 - 4 дена).

Повредата на Европското 2016 во финалето кога Португалија стана европски шампион, го оддалечи Роналдо 48 дена, но тогаш имаше летна пауза во европските лиги и тој не пропушти официјални натпревари.

Во целата кариера најдобриот фудбалер на денешницата според многумина, пропуштил 48 натпревари. Најболна повреда доживеал дури пред 11 години - во јули 2008 како играч на Манчестер Јунајтед. Тогаш на почетокот на сјајната кариера поради повреда на коленото на меч со Челси во првото полувреме, отсуствувал од теренот 94 дена и се вратил за дуел со Болтон.

Од тогаш наваму тој немал сериозни паузи поради повреда.

26 март 2019 - 15:13