Му даде 3 гола на Интер, за него се борат Германија, Италија и Аргентина

Младиот 22-годишен центарфор на Клуб Бриж Николо Тресолди е сензација на 2. коло на Лига на шампиони. Тој постигна 3 гола а можеше уште толку против Интер на гости во неверојатниот триумф на белгискиот шампион 3-4 на „Џузепе Меаца“. За него неколку месеци се борат селекторите на Германија и Италија Клоп и Манчини, а сега интерес покажува и Аргентина.

Ѕвездата на Клуб Бриж кој има одличен старт на сезоната, уште не одлучила за која репрезентација ќе настапува. Тој досега играше за Германија У-21, но поради потеклото од Италија има право да продолжи да настапи за Италија. Во меѓувреме мајка му ги отворила вратите на аргентинската репрезентација.

Николо Тресолди буквално го патосираше Интер со хет-трик на „Џузепе Меаца“ и заслужено беше прогласен за играч на мечот а наскоро ќе го изберат и за играч на колото. Минатата година Тресолди ѝ даде гол на Барселона во Лига на шампиони, а сезонава постигнуваше погодоци против Атлетико Мадрид (1), Астон Вила (1) и против Интер (3).

Во моментов снаодливиот центарфор е прв стрелец во Лига на шампиони со Халанд и Ермедин Демировиќ од Штутгарт со кои има по 4 гола.

Настапот против Интер уште повеќе ги загреа селекторите на Италија и Германија упорно да инсистираат тој да се одлучи да игра за некој од нив.

За Николо Тресолди се пишува на сите спортски портали: сите сега се прашуваат за кого ќе се одлучи, дали ќе игра за европска репрезентација или ќе патува до далечната Јужна Америка.

ГЕРМАНИЈА НАЈБЛИЗУ ДО НЕГО?

Германија со отворени раце го примила малиот Николо на 13 години, кога се преселил во Хановер каде мајка му добила понуда за работа. Тој ги оставил зад себе игралиштата во прекрасниот Каљари, на море на Сардинија, каде што покажувал и голем талент за тенис. Неколку години живеел и во градот Губио близу Перуџа.

Во Германија брзо им западнал во око на ловците на таленти: Хановер не чекал многу и го довел во својата младинска школа а плус му плаќале и за неговите настапи и голови.

При изборот на Николо Тресолди ќе треба да се води сметка и за интеграцискиот фактор: тој е роден на Сардинија, голем навивач е на Милан, а го носи дресот на Германија У-21 со која во 2025-та играше во на Еуро У-21 каде стигна до големото финале во кое изгубија 3-2 од Англија.

ХИТ ВО ЛИГА НА ШАМПИОНИ, НАЈДОБАР НАПАЃАЧ ВО БЕЛГИЈА

Николо Тресолди во моментов со 10 постигнати гола е прв стрелец во квалификациите за Еуро У-21 кое се игра следната 2027 во Србија и Албанија, третина од головите на Германија во групата. Селекцијата предводена од одличниот млад селектор Ди Салво би можела да биде главен фаворит за титулата на тоа Европско првенство У-21 а Тресолди би можел да биде капитен.

Неговата адаптација на животот во Германија и другарите се голема карта на која игра Фудбалскиот сојуз на оваа земја.

Во интервју за италијанскиот Кронаке ди спољатоио, Николо раскажал дека во неговото школо дошле ловци на таленти од Хановер, познат германски клуб. „Нивните тренери дојдоа да не гледаат и имавме некој тренинг. После кратко време ми предложија да дојдам на проба во нивниот клуб и ме избраа“.

Во младинската школа на Хановер Тресолди почнал да дава многу голови. Во 2022-ра година добил германско државјанство и дебитирал за првиот тим на Хановер во 2. германска лига. Во исто време добил и повик за репрезентацијата на Германија У-19 во која бил викнат уште пред да го добие државјаноството.

По 80 натпревари и 14 гола за Хановер минатата година направи трансфер во Клуб Бриж вреден 7 милиони евра. Во Белгија веќе стана главен центарфор. Минатата година Тресолди бил еден од најдобрите стрелци во белгиската лига со 19 гола на 40 натпревари. Сезонава веќе има 9 погодоци на 11 настапи во сите натпреварувања.

Во белгиската лига даде 4 гола на 8 натпревари, во Лига на шампиони има 4 гола на 2 натпревари, во Суперкупот на Белгија постигна гол што знапчи има вкупно 9 погодоци на 11 средби.

А хет-трик против Интер на гости постигнал последен Никола Калиниќ уште во далечната 2015-та година кога играше за Фиорентина. Во Лига на шампиони па датумот е уште подалеку: Интер прими 3 во ден-денес неверојатната партија на Герет Бејл кој постигна хет-трик како офанзивен лев бек.

И АРГЕНТИНА ЧУКА НА ВРАТА

Од друга страна мајка му Барбара Кафи има аргентинско потекло иако таа отворено и јавно рекла дека не сака никако да влијае на одлуката на изборот на нејзиниот син за кого ќе игра.

„Јас и татко му се повлековме. Тоа си е негова приказна, негов пат. Ќе го поддржиме без оглед на се“, рекла мајка му за шпанските медиуми.

Николо бил интервјуиран од Марка пред мечот Атлетико Мадрид - Клуб Бриж во Лига на шампиони и рекол: „Имам аргентинска 'гара' (крв). Мојот избор за репрезентација е пат со три насоки меѓу Аргентина-Италија-Германија“.

Сите врати се отворени...

Од Буенос Аирес се огласи познатиот спортски лист Diario Olè, најголем спортски весник во Аргентина кој го ставил на цела насловна страна Нико Тресолди по хет-трикот со Интер со цел да го потсети селекторот Скалони и неговиот штаб дека „малиот уште е на пазарот“.

Името на Тресолди се нашло во листовите во Аргентинската фудбалска федерација откако Бернардо Ромео станал координатор на младинските селекции при АФА од 2020-та година па се до лани. Откако тој дошол, Аргентина значително го проширила списокот на таленти со аргентинско потекло.

ТАТКО МУ ИСТО БИЛ КВАЛИТЕТЕН ФУДБАЛЕР

Емануеле Тресолди е некогашен европски шампион со Италија У-21, селекцијата која за малку го пропушти неговиот син Николо кој заигра за Германија У-21. Николо Тресолди од мал одел на проба во Милан, Јувентус, Болоа, Аталанта и Фиорентина но никаде не го задржале. Во меѓувреме заиграл и тенис за репрезентацијата на Италија до 12 години.

Оние кои го познаваат добро велат дека за тенис е уште поталентиран отколку за фудбал.

15 октомври 2026 - 11:33