Offside

Младиот 22-годишен центарфор на Клуб Бриж Николо Тресолди е сензација на 2. коло на Лига на шампиони. Тој постигна 3 гола а можеше уште толку против Интер на гости во неверојатниот триумф на белгискиот шампион 3-4 на „Џузепе Меаца“. За него неколку месеци се борат селекторите на Германија и Италија Клоп и Манчини, а сега интерес покажува и Аргентина.

Ако зборите за најлуди пресврти, спомнете го и Вотфорд

Кога се зборува за неверојатни пресврти, први на памет ни паѓаат Манчестер со Баерн и Ливерпул со Милан во Лигата на шампионите. Она што се случи во полуфинале на англискиот ФА Куп, за навивачите на скромниот Вотфорд има еднакво значење.

Асистенција за сите пари и Standing ovation за Пандев на Сан Паоло

Еден од единствените шестмина странски фудбалери во историјата на Серија А со над 400 настапи и натаму плени и не ја остава рамнодушна италијанската критика со своите игри. Му извади реми на второпласираниот Наполи каде играше три сезони.

Епско промашување на ПСЖ какво што не се памети

Едно четири-пет пати го изгледавме видеово пред да го опишеме и заклучивме дека се работи за најнесфатливата утка во 150 години фудбал, без разлика што не знаеме многу за порано. И на самиот Чупо Мотинг не му е јасно како ова го изведе. Излегува како да игра за Стразбур, а ПСЖ му дава плата. 

Слободен удар кој камера не може да го следи

Топовскиот удар на колото ни доаѓа од Перу. Ја опали како Роберто Карлос или поточно како топка во живот да не видел.

И вакви пенали постоеле

Играчов е чуден затоа што не се радува, а голманов е нејасен бидејќи ја гледа ко теле. Изгледа само коментаторите се изненадија. И ние. Ај најди му НЗС на пеналов.

Убав гол на Тричко

АЕК Ларнака славеше 0:2 на гостувањето против Омонија со голови во 79-та и 90-та минута. Резултатот го отвори македонскиот репрезентативец кој се ослободи од дефанзивците и ја шутна силно и неодбранливо. Играше и Даниел Мојсов.

Лесно е паненка да правиш на 2-1 во 92-ра минута

Во битка за третото место кое води во бараж за втора француска лига, Лавал со 3-1 го совлада ривалот Ле Ман. Последниот гол од пенал го даде Габриел Етиноф кој изведе паненка.

Ти реков да не играш еден на еден со мене

Има една епска кошаркарска сцена од НБА финалето 1998-ма кога Џордан му скрши кичма на Расел во игра еден на еден во последни секунди. Верувајте дека овој полошо пројде.

Новото засилување на Вардар кога Столе ќе се повлече

Велат фудбалот е за сите, па не би рекле. Почни ракомет да тренираш да те види Господ, таму нема шанси никој да ти ја земе. Пикер, ко Анџела Платон.

Јувентус уште во недела може да ја одбрани титулата

Актуелниот шампион на Италија треба да врзе уште само две победи и со тоа дефинитивно ќе слави нова титула, без разлика на резултатите кои ќе ги остварат Наполитанците. Ама има опција и за порано, уште овој викенд, така што веќе треба да им се спремни маиците и конфетите.

Заокружи победа со преубав гол

Рајли Мекгреј само стави потпис на победата на неговиот Мелбурн Сити против Бризбејн Рор од 4-1. Маестрален дриблинг плус многу сенс за лоб

Фарбика Карпош – ГИМ со одлично второ полувреме до победа над Вип

Лукоил, Сава Осигурување и Фабрика Карпош - ГИМ славеа победи во последниот ден од 19. коло во Бизнис лигата на Македонија.

10 години од голот кој го посрамоти цел Минхен

Се сеќавате ли на Единалдо Батиста познат скратено како Графит? Ќе ви текне кој е кога ќе видите што и направи на одбраната на Баерн Минхен пред една декада. Волфсбург тогаш беше првак на Германија, а Бразилецот играч на годината и стрелец број 1 со 28 гола. 5:1 ги попарија Баварците предводени од Клинсман.

Даде гол на деби и му донесе титула на Манчестер, а сега не би го познале на улица

Федерико Македа е лик за кој просто мора да се сними добар документарец. Дечкото стаса во Манчестер Јунајтед во 2007 година од школата на Лацио и одигра 14 средби. Во 2009-та имаше нестварно деби за клубот од „Олд Трафорд“.

Само Меси е пред Барди во слободни удари изминативе 15 месеци

Снајперистот на Македонија и Леванте го нема во последно време со некој мајсторски гол од прекин. Ама и на другиве нешто не им оди, затоа тој држи една убава втора позиција, а првата е резервирана за Лионел Меси кој последно време ударите од 20-25 метри му се како пенали.

Почетоците на Умбро, фирмата со која Англија и Бразил станаа Светски шампиони

По сториите за основањето на најк, адидас и пума, на ред е приказната за почетоците на култната фирма која шиеше и уште шие опрема за многу познати репрезентации и светски екипи.

Полудо пензионирање од фудбал ниту имало, ниту ќе има

Легендарните фудбалери обично кога се повлекуваат прават еден круг на терен, се поздравуваат со навивачите, па тука имаш солзи и емоции, а евентуално организираат и проштален натпревар. Заборавете на сето тоа. Ова што ќе го видите е како драматична сцена од филм.

Кој го заборавил Роке Санта Круз?

Ај што мајсторот има 37 години и уште игра фудбал, туку е и капитен на Олимпија Асунсион од неговата татковина Парагвај. Синоќа постигна гол со глава во триумфот од 0-3 на гости кај Спортинг Кристал во елитната Копа Либертадорес.

А слободниот на Болоња го видовте?

Синиша Михајловиќ сигурно бил црвен од срам по 15 минути игра во Бергамо, ама без разлика на дебаклот не бива ако не му пружал рака на Рикардо Орсолини. Погледнете од каква позиција и даде гол на Аталанта. Секоја чест за левицава.

Како тоа 4:0 за 15 минути?

И двата последни меча од 30 коло во Серија А завршија со победи на домаќините од 4 гола, ама на Сасуоло му требаше еден час игра за да го стори тоа против Киево, а Аталанта против Болоња даваше голови со брзина како утре да ќе нема повеќе фудбал.

Ривалдо ти ли си?

Што ножички се изнагледавме и оваа и претходната сезона. Овие се спектакуларни и тешки за изведување. Приeм на рамо и дагаууууууу. Полуде и коментатор и публика и сите што гледаат фудбал во Обединети Арапски Емирати. Коментаторот го спомна Кристијано Роналдо, а нас не потсети на еден сличен еврогол на Ривалдо. Каков ВАР, апла рамо е.

ВАР за кој навивачите скандираа: На полноќ ќе завршиме

Фрозиноне и Парма синоќа одиграа доста возбудлив натпревар кој заврши 3:2 за домаќините. Супер е тоа што видео технологијата помага и ги намалува грешките, ама луѓево сафра ги фати на стадион, а играчите имаа фудбалска партија која траеше 115 минути.

Бисерот на Јуве околу кој се крева многу прашина и кој заигра за Италија

Строго католичко воспитание, голема посветеност кон религијата, тренинзи во предградието и радост кога му направиле екскурзија во базата на клубот во кој се вљубил на прв поглед. Ова е сторијата за Мојзе Кен.

Пеколна битка за Лига на шампиони во Серија А со 8 меѓусебни дуели

Доминацијата на Јуве изминативе неколку години во Италија не дозволува неизвесност во борбата за титулата. Затоа неколку места подолу тепачка е за ЛШ. Се борат Рим и Милано, ама во игра се уште две, па и три екипи. Каша попара е табелата.