Се сеќавате ли на Единалдо Батиста познат скратено како Графит? Ќе ви текне кој е кога ќе видите што и направи на одбраната на Баерн Минхен пред една декада. Волфсбург тогаш беше првак на Германија, а Бразилецот играч на годината и стрелец број 1 со 28 гола. 5:1 ги попарија Баварците предводени од Клинсман.
Голов на Графит беше трет најубав гол на годината во изборот на ФИФА. Пред три дена наполни 40 години, а се пензионираше лани како играч на Санта Круз.