Даде гол на деби и му донесе титула на Манчестер, а сега не би го познале на улица

Федерико Македа е лик за кој просто мора да се сними добар документарец. Дечкото стаса во Манчестер Јунајтед во 2007 година од школата на Лацио и одигра 14 средби. Во 2009-та имаше нестварно деби за клубот од „Олд Трафорд“.

Во решавачки меч за титулата (Јунајтед се бореше со Ливерпул), Роналдо дава два гола за Манчестер, но Вила тврд орев, не се дава и со головите на Карју и Агбонлахор има активен резултат. Тогаш Ферги од клупата го уфрла малиот 17-годишен Македа:

Сезонава игра за грчки Панатинаикос каде воопшто не е лош со 7 гола и 5 асистенции на 22 меча.