Со поразот на Наполи од Емполи минатото коло, разликата меѓу првиот и вториот на табела во Серија А порасна на 18 бода, така што се поблиску е денот кога Јувентус ќе ја прослави осмата титула по ред или вкупно 35-та (37-ма според навивачите).
Toa може да се случи уште викендов, а сценариото е следно: Ако Јувентус во сабота го победи дома Милан, а Наполи загуби дома од Џенова. Тогаш ќе му избега 21 бод на 7 кола до крај.
Потоа и да ги загуби сите натпревари до крај, а Наполи ги победи пак ќе биде шампион поради директниот дуел. Јуве ги доби двете меѓусебни пресметки.
И да не се случи ова, математиката вели дека на Јувентус му требаат уште 6 бода и со тоа прашањето на титулата е решена без разлика што ќе направат Наполитанците. После ова коло Јуве игра на гости со Спал, а Наполи му гостува во Киево.
Другиот можен датум е во следното 32. коло на 20 април кога се играат средбите Наполи – Аталанта и Јувентус – Фиорентина. Подоцна тешко.
Минатата сезона барем гледавме некои драмолетки. Наполи со голот на Кулибали во 90-та минута го освои Јувентус Стадиум и дојде на -1 на четири кола до крај, ама џабе го превртија градот наопаку кога на крај пак го загубија Скудетото.
Сега се бројат деновите кога Јувентус ќе ја одбрани титулата и тоа со убедлива бодовна разлика. Очите остануваат вперени во жешката битка за Европа.