Во дожд од голови Лукоил поуспешни од Пекабеско
Лукоил 10-8(6-5) Пекабеско
Лукоил:Маријан Цветковски 2’ Дејан Зиков 19’ 20’ 22’ 37’ Васко Стефанов 13’ Мартин Алаѓозовски 11’ 34’ Антонио Фенов 6’ 22’
Пекабеско: Бобан Вујиќ 9’ 20’ Слободан Игнатов 14’ Ѓоре Бочваров 15’ Стефан Благојевски 3’ 25’ Стефче Стојановски 38’ 40’
Одличен старт на екипата на Лукоил во дуелот со Пекабеско, Лукоил со погодок уште во првата минута успеа да го отвори резултатот. По овој погодок на Лукоил следеше брз одговор на екипата на Пекабеско која искористи грешка во одбраната на Лукоил за израмнување на 1-1. По овие воведни минути екипата на Лукоил ја превзеде иницијативата и успеа да постигне два погодоци за неколку минути за повторно водство во ова полувреме. Сепак екипата на Пекабеско не се предаваше и кон средината на полувремето во 14та минута дојде до повторно израмнување на 4-4. До крајот на полувремето двете екипи ни прикажаа одличен фудбал но Лукоил беше таа која која ја имаше предноста на полувремето со 6-5. Во второто полувреме се продолжи со отворен стил на игра се редеа шанси за гол и на двете страни. Екипата на Лукоил успеваше да одолее и покрај жестокиот притисок на пекабеско кој успеа да дојде на 2 гола негатива но немаше доволно сили да стори нешто повеќе. На крајот сепак пресуди искуството и долгата клупа на екипата на Лукоил која го доби овој натпревар со 10-8.
Сава Осигурување сигурни во дуелот со Окта
Окта 0-3(0-1) Сава Осигурување
Сава Осигурување: Трајче Илиевски 10’ 28’ Дарко Црвенковски 39’
Првиот дел од полувремето во дуелот помеѓу екипите на Окта и Сава Осигурување, помина во мирен ритам без многу шанси за гол и на двете страни. Како одминуваше времето екипата на Сава Осигурување го зголемуваше темпото на игра и успеаа да створат неколку шанси за погодок што вроди со плод во 10та минута со голот на Илиевски за водство од 0-1. По ова екипата на Окта започна со поагресивна игра вршејќи притисок кон голот на Сава Осигурвање, тие успеаа да створат неколку шанси за погодок но не успеаа да реализираат па на полувреме екипата на Сава Осигурување замина со предноста од 10та минута. Во второто полувреме екипата на Окта продолжи со притисок кон голот на Сава Осигурување, се обидуваше со чести ротации на играчи да створи чисти шанси за погодок но екипата на Сава осигурување со одлично поставена игра во одбраната не и остави простор за игра на екипата на Окта а преку контра напад во 28та минута ја казни за водство од 0-2. До крајот на натпреварот екипата на Сава Осигурување успеа да реализира уште еден гол за победа од 0-3
Фарбика Карпош – ГИМ со одлично второ полувреме до победа над Вип
Фарбика Карпош – ГИМ 3-2(1-1) Вип
Фабрика Карпош – ГИМ: Кристијан Панев 18’ 27’ Александар Божиков 25’
Вип: Мартин Ангеловски 26’ Васко Дојчинов 19’
Прво полувреме исполнето со многу борба по целиот терен ни прикажаа екипите на Фарбика Карпош – ГИМ и Вип, двата тима влегоа претпазливи во овој натпревар и повеќе се фокусираа на одбрана на својот гол отколку на нападот. Двете екипи успеаа да креираат по некоја шанса за погодок но двата голмани со одлични интервенции ги сочуваа своите мрежи. Кога се очекуваше на полувреме да се замине без голови Панев со погодок во 18та минута за водство од 1-0 за Фарбика Карпош – ГИМ, следуваше брз одговор од Вип и веќе следната минута Дојчинов израмни на 1-1 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме се продолжи во висок ритам на игра, екипата на Фарбика Карпош – ГИМ со голот на Божиков во 25та минута успеа да го превземе водството, следната минута стрелаше Ангеловски за израмнување на 2-2. Екипата на Фарбика Карпош – ГИМ повторно го превзема водството со вториот гол на Панев во 27та минута, па последните минути од натпреварот беа вистинска бркотница. Екипата на Вип со сите сили се обидуваше да дојде до реми во овој натпревар но екипата на Фарбика Карпош – ГИМ не дозволи изненадување па ги однесе бодовите со резултат од 3-2.