„Дами и господа, почит за Горан Пандев, кој на речиси 36 години ги учи “децата“ како се игра фудбал. Игра со срце и желба. Фудбалер кој е симбол на денешницата. Благодарност пред сè за професионалноста која ја имаш“, стои во пофалните зборови за него.
Џенова синоќа му извади 1:1 на гости на тимот на Наполи кој сега е -20 пред Јуве на 7 кола до крај, што значи со уште бод плус Старата Дама ќе ја одбрани титулата.
Резултатот го отвори Мертенс во 34-та минута, на во финишот од првото полувреме проработе балканската врска Пандев - Лазовиќ. Погледне каква топка со очи му даде на Србинот. Мајсториште.
Прандели го извади Пандев во 62-ра минута и заработи аплаузи од домашната публика која не го заборава неговиот придонес. Македонскиот напаѓач играше за Наполи од 2011-та до 2014-та и два пати го освои Купот на Италија.