Почетоците на Умбро, фирмата со која Англија и Бразил станаа Светски шампиони

По сториите за основањето на најк, адидас и пума, на ред е приказната за почетоците на култната фирма која шиеше и уште шие опрема за многу познати репрезентации и светски екипи.

На врвот од својата слава, фабриката Умбро произведувала опрема за дури 85% од британските клубови и за 15 од 16 учесници на Светско првенство. Компанијата половина век соработувала со репрезентацијата на Англија и доминирала во Премиер лигата. Но подоцна сè се сменило.

Првиот дрес на репрезентацијата на Англија - 1872 година

УМБРО Е РОДЕН ВО МАНЧЕСТЕР, ЗА ВРЕМЕ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА ЈА ОБЛЕКУВАЛЕ БРИТАНСКАТА АРМИЈА

Во 1872 година, репрезентациите на Англија и Шкотска го одиграле првиот меѓународен мечп во историјата. Погледнете го убаво дресот на Англичаните: сошиено е логото на Умбро како двоен брилијант (одма лево до грбот на „трите лава“).

А до појавувањето на компанијата имало уште половина век, па овој дрес изгледал како предвесник на доминацијата на Умбро во британскиот фудбал.

Компанијата Умбро била основана во предградие на Манчестер во 1924 година и на почеток се викала Humphrey Brothers. Ја основале браќата Хамфри - Харолд и Волис. Наскоро го скратиле името со по слог од двете имиња - UM од Humphrey и BRO од Brothers.

Харолд веќе имал обид да продава спортска опрема, која што ја спремал во канцеларијата на пабот на родителите Bull’s Head, кој верувале или не, работи ден денес.

Компанијата на браќата уште од првите денови од основањето се занимавала со спортска опрема. Бизнисот тогаш бил скромен, па така на првите клиенти робата им ја доставувале со рачна количка.

Но Харолд верувал дека со растот на популарноста на фудбалот, ќе расте и продажбата на дресови и маици. Така и излегло. Побарувачката за дресови растела, вработените не можеле да постигнат, па во 1930 година се отворила првата фабрика UMBRO.

Првиот голем успех стигнал 10 години по основањето на фабриката. Во финалето на ФА Купот на Англија во 1934 година на терен излегле две екипи облечени во опрема од Умбро - Манчестер Сити и Портсмут.

По славјето на клубот од Манчестер, во канцеларијата на Умбро стигнала телеграма: „Почитувани господа, како што знаете, ние носевме Umbro опрема (дресови, копачки, штуцни и шорцеви) во финалето на Вембли минатата сабота на 28 април 1934 година. Квалитетот, начинот како се сошиени и удобноста на дресовите без сомнеж е на многу високо ниво“.

Следната година Купот го освоил Шефилд Венздеј, исто облечен во опрема Umbro.

Со почетокот на Втората светска војна, фабриката лесно можела да биде затворена. Харолд успеал да го спаси бизнисот благодарение на некои воени контакти. Буквално преку ноќ фабриката преминала од производство на спортска облека до шиење униформи за британската војска.

Работничките во глобала биле жени кои шиеле војничка опрема, правеле гас-маски, па дури и опрема за пилотите на бомбардерите Lancaster. Кантината на вработените во Умбро наеднаш се претворила во кантина за британските војници.

Бразил во ’58-ма и Англија во ’66-та станале Светски шампиони со Умбро опрема, а СССР одбил да носи нивни дресови

Веднаш по завршувањето на разорната војна, Умбро се вратил во спортот. Во 1954 година, студент на универзитетот Оксфорд, Роџер Банистер прв во светот истрчал 1.600 метри за помалку од 4 минути. Цела Британија го следела големиот Роџер а тој носел Умбро дрес и компанијата наголемо се прочула.

Но главен спорт за брендот бил фудбалот. Во 1958 година репрезентацијата на Бразил предводена од 17-годишниот Пеле, го освоила Светското првенство. Бразицлите носеле Умбро опрема на дури четири од петте освоени Мундијали.

Компанијата растела и на домашен пазар, не само на меѓународен. На шест месеци пред Светското 1966 година кое се играло во Англија, Џон Хамфрис (синот на Харолд, еден од браќата основачи на Умбро), тргнал „на пат околу светот“ и за еден месец договорил нивната компанија да шие опрема за сите земји учеснички на Светското.

Пред почетокот на фамозниот Мундијал, репрезентацијата на СССР без некое посебно објаснување одбила да игра во тие дресови кои ги прави британска компанија. И така, 15 од 16 селекции настапиле облечени во дресови и шорцеви направени во фабриката на Умбро.

Меѓу нив секако и репрезентацијата на Англија која го освоила златниот пехар.

Во 1966 година 85% од британските клубови играле во Умбро опрема. Меѓу нив и легендарниот Селтик на тренерот Џок Стин кој во 1967-ма година станал првиот британски клуб кој го освоил Купот на Европски шампиони, а ги освоиле и сите домашни трофеи.

Тоа била златна ера за Умбро, компанија која се збогатила неверојатно и која не можела да постигне толку нарачки. Конкуренција немале, а логото го нарекле амајлија на победата. Харолд бил наречен фудбалски Диор. Господин.

Клубовите и репрезентациите нарачувале опрема за секакви услови, а никој не барал дополнителни пари за рекламирање на фирмата.

****

Тајната на успехот на Умбро бил Харолд Хамфрис - неговите идеи, неверојатна работна способност и намереност на успех. Вториот основач, братот Волис Хамфрис, брзо го напуштил бизнисот но Харолд секогаш верувал во потенцијалот на спортскиот пазар. Тој ги убедувал и пријателите да инвестираат во Умбро.

Харолд го преплавил пазарот со нови идеи кои ги исфрлиле потенцијалните конкуренти од игра: дресови од висококвалитетен перуански памук, брза достава од 48 часа, каталог „Умброшор“.

Браќата Хамфрис - Волис (лево) и Харолд (десно)

Харолд се грижел вработените да бидат задоволни и добро платени. Секој петок тој ги посетувал сите фабрики на компанијата, зборувал со вработените и им носел познати клиенти.

„Еден господин седеше на мојата машина, а јас не приметив кој е додека не го загледав добро. Бев на седмо небо од среќа кога го видов пред себе Стен Мортенсен (стрелец на единствениот хет-трик во финале на ФА Куп на Вембли и стрелец на првиот гол за Англија на Светско). Така се запознав и со Берт Траутман, со Кевин Киган и Брус Гобелар“, се сеќава Вин Крофт, работник во фабриката на Умбро од 1946 до 1988 година.

РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА АНГЛИЈА И УМБРО ИМААТ ЛЕГЕНДАРЕН ОДНОС

Умбро секогаш соработувал на долги патеки. Брендот цели 20 години ја облекувал Олимписката репрезентација на Англија, 25 години екслузивно ги имал правата за производство на adidas во Германија и 30 години работел со тенискиот дизајнер Тед Тилинг (автор на сите иновации во дизајнот за тениска опрема во ’50-те, ’60-те и ’70-те години).

Но најпознато партнерство Умбро секако имаше со фудбалската репрезентација на Англија. Нивната приказна траеше повеќе од половина век.

Еден од првите дресови на Умбро за Англија од 1954 до 1957

Англија со златниот пехар од Светско првенство 1966:

Во 1974 година Умбро и ФА ја прекинале соработката на 10 години. Поради пари.

Тоа се случило кога брендот Admiral и предложил на Фудбалската асоцијација на Англија 15.000 фунти годишно или 10% од секоја продажба на дрес на репрезентацијата.

Брендот од Манчестер се вратил да го облекува „Гордиот албион“ во 1984 година после што Англија во следните 30 години пак носела Умбро дресови.

Епската фотографија на Тери Бучер од мечот против Шведска на СП 1990

Легендарниот момент кога Пол Гаскоњ плаче после поразот во полуфинале на Светско 1990

Герет Саугејт промаши решавачки пенал во полуфиналето на Европско ’96

Дејвид Бекам и легендарниот гол против Грција во 93-та минута за пласман на Светско 2002

Приказните за почетоците на:

Puma

Adidas

Nike

СОРАБОТКАТА СО СЛАВНИОТ ЈУНАЈТЕД НА ФЕРГУСОН

Денес во англиската Премиер лига доминираат најголемите странски брендови - adidas (6 клуба), Puma (5 клуба), Nike (4), New Balance (1) и Under Armour (1). Британски корени има само Umbro кој во моментов облекува три клуба: Евертон, Вест Хем и Борнмут.

А во првата сезона од Премиер лигата не било така. Nike и New Balance уште не дошле во фудбалска Англија, а Under Armour воопшто не постоел на почетокот на ’90-те години, па главен бренд бил Umbro кој произведувал опрема за 11 од 22 клуба во Премиер.

Челси ја завршил сезоната 1992/1993 на 11 место (на фото е култниот Вини Џонс)

Во ’70-те и ’80-те, Ливерпул предводен од Шенкли и Пејсли со опрема Umbro на себе освоиле четири титули во Купот на европски шампиони. Во ’90-те години дојде време на нивниот најголем ривал - Манчестер Јунајтед на Сер Алекс Фергусон кој исто така береше трофеи редовно.

Иако партнерството меѓу Умбро и Јунајтед датира одамна: во 1959 година легендарниот тренер на Манчестер, Мет Базби основал фирма за спортска опрема „Шампионски избор“. Интересно тогаш Денис Лоу, шпицот на Манчестер потпишал екслузивен договор со Умбро.

Со Умбро „црвените ѓаволи“ ја освоија титулата во 1992/1993 година - прва после цели 26 години!

Во црн Умбро дрес и Ерик Кантона го нападна навивачот на Кристал Палас со кунг-фу удар преку ограда:

Големата тројна круна и чудесното финале во Лигата на шампионите во сезоната 1998/1999 на Манчестер Јунајтед, беше пропратено со легендарните дресови од Умбро:

Во 2002 година Nike надмоќно влезе со 303 милиони фунти договор и го истисна Umbro како технички спонзор на Јунајтед. 

Умбро почнал да паѓа поради смртта на синот на основачот

Харолд Хамфрис, човекот кој го основал Умбро не само што создал семејна атмосфера во фабриките, туку и ги спремал двата сина да управуваат со бизнисот. Во ’50-те години станало јасно дека за бизнис повеќе го бива едниот од нив - Џон Хамфрис.

За жал, Џон починал во 1979 година, пет години по смртта на татко му Харолд. Загубата на директорот на 49-годишна возраст била шок за сите. Потпретседателот на Умбро Мартин Протеро во компанијата дошол после три години но сфатил дека ништо не било како некогаш: „Се беше пусто. Сите жалеа по мистер Џон. Тој беше како сенка над сите кои работеа во Умбро“.

После Хамфрис, Умбро не ги изгубил контактите. Кога завршил договорот за претставување на adidas на британскиот пазар, компанијата престанала да произведува копачки. На крајот од ’80-те години брендот станал популарен во САД каде имало мода на пократки фудбалски шорцеви, мода позната како Умбро мода.

За жал, некогашниот гигант немал средства да финансира глобална експанзија, па затоа ги отстапила правата за американски пазар на компанијата Stone Manufacturing.

Во 1992 година, во периодот на длабока рецесија во Велика Британија, Јуџин Стоун ги откупил мнозинството акции во Умбро по ниска цена - 2,9 милиони фунти. После 68 години компанијата веќе не била во рацете на семејството Хамфрис.

Пет години подоцна Стоун починал, а останатите членови од неговото семејство не знаеле што да прават со компанијата која почнала стрмно да паѓа надолу и да губи многу договори во Премиер лигата.

На крајот Умбро го продале на компанијата Doughty Hanson за 90 милиони фунти. Брендот се посветил само на фудбал и го пренел производството во Кина и Хонгконг. Но ни тоа не помогнало да се кренат. 

Во 2008 година Nike го купил Umbro за 290,5 милиони фунти, со цел да ја зацврсти позицијата на фудбалскиот пазар. Иако Американците не го оживеале брендот, туку „му ископале“ уште поголема дупка.

Во 2012 година компанијата била продадена на Iconix Brand Group за два пати помалку пари, а договорот со Фудбалската федерација на Англија го презел Nike. Со компанијата се збогувале и Манчестер Сити и Саутемптон, а во сезоната 2013/2014 Umbro не опремувал ниту еден клуб во Премиер лигата.

Се кренале во 2007/2008 кога шиеле опрема за 6 клуба, а Nike и adidas по 4 клуба. 

Денес Умбро периодично им го зема пазарот на Nike и adidas меѓу осредните клубови. Така било со Шалке кој добил 6 милиони евра годишно спонзорства од Умбро, наместо дотогашните 5,5 милиони од adidas. На Вердер, Nike му плаќал 3 милиони за спознорство и опрема, а Умбро ги претркал со понуда од 3,5 милиони евра годишно.

За пет години, Умбро ќе прослави 100-годишен јубилеј. Компанијата на Харолд и Џон Хамфрис во моментов е далеку од некогашната слава кога произведувал опрема за најголемите топ клубови и репрезентации. Но тоа нема да ги избрише нив од брендот со кој израснале генерации.