Сасуоло - Киево 4:0, Аталанта - Болоња 4:1 стоеше синоќа на Резултати и Лајвскор, зависи кој што следи. Со таа разлика што на вториов натпревар во 15 минута резултатот беше скроз лудачки, Аталанта веќе водеше со 4:0.
Кој знае како им било на гостите и Синиша Михајловиќ кој дојде да се бори за опстанок. Да губиш 4:0 по 15 минути е да посакаш да си одиш дома и да ја предадеш.
Ама тоа е кога си имаат работа со најопасниот напад сезонава во Серија А. Имаат постигнато 64 гола на 30 средби. Јуве има 62, Наполи 57, Рома 55, Сампдорија 51, Интер 47, Фиорентина 46...
Ете тоа е Аталанта тимот кој го има извонредниот Дуван Ѕапата кој има 20 голови сезонава, исто колку Пјонтек, како и Јосип Иличиќ со 11. Прв е Кваљарела со 21, а Роналдо има 19.
Вакво гол шоу во Италија не е видено од 1932-ра година. Последен пат Јувентус имал 4:0 против Рома за 15 минути игра и на крај победил со 7:1. Головите за рекордните 4:0 паднале во 9-та, 11-та, 13-та и 14-та минута.
Одиме со најбрзата голеада.која се повторува после 87 голови.
1:0 Иличиќ (3 минута)
2:0 Иличиќ (5 минута)
3:0 Хатебур (9 минута)
4:0 Ѕапата (15 минута)
На бод до Милан стасаа