Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Кредитна лекција од Луи

"Еднаш се живее" е фина идеја водилка, ОСВЕН кога решавате да земете кредит бидејќи тоа "едно живеење" може да ви го претвори во бескраен должнички пекол. Ете така и Луи СиКеј си бендиса куќа. Риалити чек. 

Келнер да ви каже неколку работи

По неколку години работење како келнер во кафулиња, дискотеки и ресторани, да ви кажам неколку ситници заради кои испаѓате многу глупи:

А ова се вашите звучници на перформанс од Јоко Оно

Се бара Џон Ленон. Да дојде и да си ја прибере.

Има правда (колку - толку)

Лајава плавуша малтретира луѓе од една кебаб сендвичара. Пазете, ѝ ја згрешиле бојата на пиперката а и незадоволна е од лингвистичките перформанси на продавачките. Мамата. Почекајте до крај; можеше кармата и појако ама ај, колку - толку.

Mакедонштино, некогаш претешка си за трпење

Емотивна и на моменти бескрајно тажна приказна за едно македонско семејство во Австралија кое се превира и крши поради сексуалноста на синот. Таткото не зборува со него цели 15 години, остатокот од семејството му удира бојкот на синот, пуста мајка е во средина меѓу мажот и чедото...

Личната мапа на Лондон

Мапа на Лондон за чија изработка биле потребни десет години. И е толку преполна со емоции и симболи што би можела уште толку години да се разгледува.

Универзумот на Квентин Тарантино

Многу пред Марвел да ги испреплете своите филмови, Тарантино имаше почнато со поврзување на ликовите и филмовите кои ги снима. Во основа неговите филмови се делат на: филмови кои се случуваат во филмскиот универзум, кои ликовите на Тарантино одат да ги гледаат (Убиј го Бил...);  и филмови за ликовите кои го сочинуваат филмскиот универзум на Тарантино (Ефтини приказни, Неславни копилиња, Вистинска Романса...).

Сирија, стрипувана

Сè што би требало да знаете за причините за трагедијата на Сирија. А не е за нафта или за религија, туку за она во кое сите по малку учествуваме.

Жалиме, грешна боја сте

Забележливо е отсуството на боновци, ангелини и ричардгировци да бекнат нешто за последниов бран бегалци. Каму концерт за оние милиони сиријски бегалци кои се во Турција и наоколу? Еднa од ретките исклучоци е Ема Томсон: "Да беа бели, поинаку ќе беше". Ај па, може ќе тргне.  

Ножевите од метеор

Ако до сега не сте знаеле дека сакате нож од метеор, Бордејн ќе се погрижи ова инстантно да ви се најде на листа. Боб Крамер е еден од само 122 мајстори изработувачи на ножеви сертификуван од Американското друштво за сечила, и единствен од нив кој специјализира во ножеви за готвачи. Ножевите ги прави од стопен метеор. Бордејн е кај него да го гледа.

Време е за Дис

Својата мудрост ја расфрлавме на избори, Својата храброст на измами и бедотии, На иднината ѝ ги затрувме сите извори, А поразите ги прогласивме за победи.

Старецот и писито

Десет најчести фрази на стари луѓе кои почнуваат да го учат чудото наречено компјутер.

Премногу Меси

Човеков прави сериозно многу магија со фудбалот. Целата таа магија, од минатата сезона (веројатно), набиена во неколку минути.

Кој е сега слепец?

Дали сте доволно добри да бидете линијски судија во тенис?

Додека лектирата не нè раздели

Некои плачат кога мораат да читаат, други кога книгата ќе заврши. Малиов е од вториве, барем засега, додека долгата рака на задолжителната литература не му ги пресуши солзите.

Алцхајмер, бабо, Алцхајмер

Австралиска кампања за печат, за кревање свесност околу Алцхајмер.

Една е мајка

А на мајка ниту и е гајле колкав е тој што те закача, ниту што е, ниту кој е со него. Па дури и мајката да е мачка.

Ок, готово, крај, и никогаш, никогаш, повеќе

Ако не пиеш ќе копаш, ако копаш ќе имаш пари, ако имаш пари ќе те сакаат жена ти и децата, ако те сакаат жена ти и децата ќе држиш говори. Не дека работите не се развиле и во спротивен правец.

Софтверот кој го сконта Ван Гог

Го следиме ние Deep Mind уште од мал, кога сам учеше да игра игрици. Сега е во фаза во која може да ви ван-гогизира која било фотографија од вашиот приватен албум.

 

Девојче, не е точакот за тоа

И ти знаеш да возиш точак, и она знае да вози точак. Ама не е истото.