Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Поглед од станот од 95 милиони долари

Њујорк > Парк авенија > 423 > пентхаус > тоалет. Е ова е погледот баш од овој конкретен тоалет.

Беше келнерка, јасно?

Во фолдерот "глупо до генијалност" го ставаме хитот od 80-те години на групата Human League во верзија во која целата песна "Don't you want mе" е сведена на еден единствен стих. 

Сем Вакнин: Јас, психопат

Од богаташ до пропаднат богаташ, од корпоративен криминалец до советник во македонски влади. Сeм Вакнин, по сопствено признание е психопат. Без совест, сочувство, емпатија, освен оние што мачките ја имаат за глувците. Егзибионистички тргнува да ги истражува своите демони и да види што мислат експертите за неговата дијагноза. Патем, ќе откриете и зошто сака да живее во Скопје. 

Флејтата што го уби Вангелис

"Во негова уста, секоја флејта би била убојита", би помислил Његош кога би чул како се масакрира една од најубавите филмски композици на сите времиња, онаа од Огнените кочии.

Марамчињата што живот значат

Во некој дел од својот живот тие запишале филмска академија или некоја актерска школа, дебатирале за финесите кај Станиславски, се замислувале како суверено доминираат на некоја театарска сцена или ја фасцинираат филмската камера во некој незаборавлив емотивен кадар.... Неколку години подоцна, јеби га, доаѓа време да се работи.

Џон Оливер лекции по географија

Меѓу работите кои годинава ги научивме од Џон Оливер, е и дека немаме поим која држава каде се наоѓа на Земјава. Фала ти Гугл.

И ти си Усеин Болт

QWOP е игра со која можете да ги остварите своите најиспотени атлетски сништа. Само прво ќе треба да научите неколку основни чекори а притоа да совладате само 4 копчиња. Можете вие тоа! Со среќа и нека ветрот биде со вас.

Како грациозно да старееш

Најдобриот збир на совети што денес ќе ги добиеш. Видеото тргнува од таму дека што и да ти се случува, тоа веќе му се случило некому. Почекајте го стариот да ви ја каже главната поента.

На старите им се може

Во бар влегува човек со мајмун. Не знам како одеше после вицот ама...

 

Ова се вашите вести од економијата

Нивниот проблем е што сите новински репортажи на вести им изгледаат идентично, со востановени ТВ трикови, графики и пози. Нашиот проблем е што се стремиме да го имаме нивниот проблем и никако не успеваме.

Арт малер на колото

Се сопна и со пијачка во рака се збрца во слика од Паоло Порпора од 17-от век, проценета на 1,5 милиони долари. Кошмар за сите.

Џон Стујарт во кечери, ден втор

Ок, сè знаеме за кечери, сè знаете за кечери. Ама пак има еден дел од времето кој почнува од моментот кога го креваат Џон Стујарт на рамо и трае се додека не го треснат од патос, во кој забораваш сè што знаеш и како мало дете го гледаш паднатиот херој и вистински веруваш во неговата болка.

Старецот и планината

Во 1959-та, умира сопругата на Дасрату Манџиј, индиски рудар од најниска каста. Жената умира откако се повредува и не може да стигне на време на доктор. Главна пречка во тоа е една планина во нејзиното родно место. По ова, Манџиј секој ден со чекан, длето и метална шипка ја копа планината и се обидува да ја пробие. По 22 години, со истиот овој алат и упорност, тој успева да направи прооден пат низ планината. Сега Боливуд сними и филм за него.

Првиот ден на училиште на холандската принцеза

Пред да почнеме со предрасуди треба да се има предвид дека Принцезата Амалија е 11-годишната ќерка и првородено дете на актуелниот холандски крал Вилем Александер, и дека таа ќе биде негова наследничка холандскиот трон. Следствено на тоа е и целиот стил на живот што го има, вклучително и тргнувањето и помпата поврзана со првиот училишен ден за годинава.

Карате кид лекција по спинување

Теми за размислување по гледање на клипот:

- Улогата на човекот кој ја раскажува приказната и неговиот агол.

- Дали Карате кид и новото дете што доаѓа да решава проблем во туѓ град се основата на американската геополитика во последниве 30 години, во која САД генерално ги решаваат проблемите со интервенирање на туѓа почва?

- Можно ли е толку да сме биле заслепени и да не сфатиме дека Даниел е негативецот, а не тој плавиот?

- Дали Мијаги има демонски моќи?

Свесноста како повремена состојба

Е па нема бољи видеа од овие што сериски се онесвестуваат кога ќе ги заџитка тоа чаталот во Луна парк. Сите видеа исти па сепак....

Не се тоа странци, тоа се деца

Никлас е 4 годишно Германче кое оди во градинка. Има ли во неговата градинка ауслендери?

Тоа мора да е љубов

Посветеност, пожртвуваност, внимание, правовремено реагирање. Емотивно видео.

Не се да ги пуштиш

За ова ли се откажавме од тепање жени?

Бил Бур за Брус/Кејтлин

"Веќе ми недостасува тој тип. Требаше да ни даде шанса да се простиме од него, А го гледав и на Олимпијада а после и на она одвратно шоу кое жена ми го гледа во кое тој само се мота позади и никој не го слуша".

Платата на мегдан

Во првото поле ти внесуваш што имаш да внесеш како плата. Во второто е Опра, па хирург, па медицинска сестра, наставник, програмер, Леброн Џејмс, ЦЕО-то на Дискавери комуникејшнс и уште неколку. Тајмерот почнува и на сите ви брои за колку време ќе заработите за бургер, патики, телевизор, автомобил или куќа (по американски цени).

Последниот кинески тест

5 средношколски професори од Кина заминуваат на размена во Британија. Таму се ангажирани во едно од поуспешните средни училишта во земјата, според рангот на националните тестови. Секој од петмината има свој предмет, каде тераат според методологијата од Кина. На крај нивните ученици ќе бидат тестирани наспроти учениците кои учат по англиска програма.

Мерцедес-Бенц суптилност

Во време на "се' е убаво, ама логото да го направиш поголемо" нарачки за дизајн, Мерцедес вади кампања за оригинални делови за Мерцедес, со порака "Еден дел од тебе повеќе не е Мерцедес-Бенц", во која успева да постигне сосема ново ниво на суптилност. Ајде на повеќе, да се проверите.