Добра вест за овците: Можете и без овчар

Банкротот на еден новозеландски фармер пред речиси еден век довел до необичен природен експеримент. По пропаѓањето на фарма на субантарктичкиот остров Кембел во 1931 година, околу 4.000 овци биле оставени сами да се снаоѓаат. Децениската изолација и животот во сурови услови создале популација со ретки наследни особини.

Одгледувањето овци на островот започнало уште во 1895 година, при низ годините, различни управители воведувале различни раси. Последниот закупец на фармата, Џон Ворен, не успеал да го одржи бизнисот поради високите трошоци за транспорт и падот на цените на волната и месото по почетокот на Големата депресија.

Тој и неговите работници останале заробени на изолираниот остров две години, а по нивното спасување во 1931 година, фармата била целосно напуштена.

Приближно 4.000 овци и 20 - 30 грла говеда морале да се прилагодат на предел кој се одликува со силни ветрови, влажни услови и тресетни мочуришта. Бројот на овци првично опаднал на околу 1.000 до 1961 година, но подоцна повторно се зголемил на околу 3.000.

Уште позначајни биле промените во нивните физички и репродуктивни карактеристики. Овците почнале порано да достигнуваат полова зрелост, а стапката на јагнење станала повисока отколку во времето кога со фармата управувале луѓе.

Исто така, тие развиле способност природно да се ослободуваат од руното; волната почнала да им опаѓа во циклуси, бидејќи немало кој да ги стриже. Била забележана и отпорност кон гниење на копитата.

Ќе било тоа хепиенд за нив ако бројноста на стадото не почнало да станува закана за автохтоната вегетација на островот, што во 1970-тите година ги натерало властите постепено да ја отстранат дивата популација. Биле спасени само десет овци кои ги пренеле на Нов Зеланд за контролирано одгледување. 

6 November 2026 - 19:18