"London Town" е досега најамбициозниот проект на необичниот картограф Герет Вуд, попзнат како Фулер.
Претходно ја правеше мапата на Бристол на што посвети 3 години од својот живот. Лондон му одзема цела деценија и конечно е готов да покаже како тој го гледа градот.
Мапата е вонсериски непрецизна и е неуптореблива за навигација. Наместо географија и топографија, таа е исполнета со цртежжи од спомени, рефлексии и расположенија на авторот од неговото талкање по градот. Во неговиот Лондон можете да ги најдете и Џек Мевосек, автопати за точаци, пингвини, ја има и летечката свиња од каверот на албумот на ПИнк Флојд.