Квизови / тестови

Ви се зјапа?

Загатката ја извади британската Автомобилска асоцијација, веројатно за да ги вежба опсервационите вештини на возачите. На сликата треба да најдете издишана гума, изгубени клучеви, прегреан мотор и протечено гориво. Англискиот просек за наоѓање на сите четири работи е 65 секунди, а рекордот е 15 секунди. Одиме? 

Препознаваш ли тролови на интернет?

Интересен квиз кој може да ви помогне да разликувате трол од легитимен интернет корисник. Понудени се осум профили од социјални мрежи кои навистина постојат и по неколку нивни објави и постови од кои треба да познаете дали се работи за автентичен акаунт или за гној. А има и анализи кои цаки да им ги ловите.

Европа е полна со „глупи Американци“

Европјани главно со стандардна надменост гледаат на Американците, негувајќи го стереотипот дека тоа се луѓе кои немаат елементарни познавања за светот и реалноста. Да погледнеме сега во европскиот двор во кој нè има и нас и комшиите.

Тест: (Пре)познавате ли музика?

Една слика на која се ставени еден куп визуелни ишарети кои треба да ве асоцираат на светски познати бендови и музичари. Ајде, кој колку може, ама не одма со Гугл.

На колку градови од Европа ти текнува?

Дури и нефер измамнички, играва ја почнуваш со самодоверба дека во сон можеш да ја свртиш, и после 60 напишани градови почнуваш да се чудиш како е можно некој да ти фали, а во реалност си покрил само 12% од популацијата на Европа.

Тест за зависност од порно

Она што е нејасно е како се победува во ова, ако имаш зависност од порно или немаш зависност од порно?

Дизајнери да си ја проверите дизајнерштината

Тест за веб / графички дизјанери во кој треба да се избере точната верзија на некој веб елемент. На почетокот многу ќе се гордеете со себе, ама како одминуваат прашањата така од спорадично до систематски ќе развивате омраза кон истите и баговите што ви ги нудат. Некако на крај пак целата работа се сведува на ОЦД на дизајнерот.

До кај ти е ОЦД-то?

Игра посветена на пациенти со ОЦД од поткатегоријата графички дизајнери. Гледаш точка на екранот и гледаш некаков елемент, твое е да бидеш снајпер и да утврдиш дали точката се наоѓа во центар. Не се работи за вештина, се работи за проблем.

Тест: Колку сте популист?

Тестот е на Гардијан, има 20 прашања и се прави за неколку минути. Се разбира дека и ние се тестиравме.

Загатка на седумте планети

Ти си интерпланетарна полиција која брка интерпланетарни бунтовници. Дејствието се случува на седум планети. Ти можеш да одиш на која планета сакаш, бунтовниците само на планетите што се поврзани една со друга. Имаш десет потези (префрлање од планета на планета) за да ги фатиш. За почеток не знаеш на која планета се наоѓаат бунтовниците.

Можеш ли да го решиш тестот што Трамп го пројде за систематски?

Како дел од проверката на Трамп му беше даден МОКА тестот (Montreal Cognitive Assessment). Предизвикот кој првично е создаден во 1996 се користи како „стандард за утврдување на блага когнитивна дисфункционалност.“ Тестот трае 10 минути. Според докторот на Трамп, американскиот претседател има 30 од 30 поени на тестот.

5-димензионален политички компас

Тест од тие старинските, без шерување, логирање и слично, сам пред компјутер да ја провериш твојата политичка настроеност и кон која идеологија влечеш. Има листа од 30 прашања и ти треба само да ги искликаш.

Загатката на Ајнштајн

Наводно ова зло е креирано од Ајнштајн, и наводно само 2% од светската популација може да го реши. Во основа имаш 5 куќи со различна боја, во која живее човек од различна држава, со различен миленик, пие различен пијалок и пуши различни цигари. Ти треба да дознаеш кој од нив 5 чува риба. Имаш 15 ставки што треба да ти помогнат. Зошто зло? Почни да решаваш, па само ќе ти дојде.

Колку сте стари според рефлексот за кочење?

Ајде на општонародно тестирање: кога ќе го видите знакот, треба да закочите што побргу! Користете маус или спејс. Вашиот резултат ќе ви открие на колку години се вашите рефлекси.

Колку вашето тело навистина е старо?

Дигнете се на неколку минути од вашите омилени седала за низ неколку едноставни вежби да утврдите во каква возна состојба е вашето тело.

Провери се колку си без слух

Кога на тест ќе завршиш во најдолната можна група, ќе сакаш и другите да го пробаат чисто да видиш дали може да си ја смириш совеста со колективна неспособност или навистина немаш слух. Треба да ислушаш два аудио примерока и да оцениш дали се идентични или не, и така 30-на пати.

Кој е сега слепец?

Дали сте доволно добри да бидете линијски судија во тенис?

Слепци, обединете се

Тест за видот, конкретно колку разликувате бои и нијанси. Распонот на успех е од лилјак до сокол, а своето место ќе го најдеш во зависност од тоа како ти оди со нијансите. При крај стварно се нијанси. Добра вест, ние го пројдовме тестов до крај, лоша вест, ние го пројдовме тестов до крај.

Во лов на преваранти што мислат дека се аудиофили

Цела индустрија се базира на манијата на одредени луѓе дека "градењето на сараундот," потребата од златни кабли и џекови, спајкови на држачите и слични перверзии ќе доведат од вадење на совршен звук од нивната опрема. Цел ЈуТјуб се базира на тоа дека годишно имаат 85 милијарди преслушувања на песни од луѓе на кои не им е гајле за квалитетот на музиката. На повеќе имаш 6 исечоци од песни во 3 различни квалитети. Треба да погодиш кој е највисок квалитет.

Ај дека си дрво математика

Игрица со најосновни математички задачи (2+2, 5х6, 10:2...) на која целата идеја и е дека без разлика колку ти мислиш дека си добар во математика и без разлика колку се лесни задачите, пак си живо дрво ако треба да ги решаваш под притисок. Ние стигнавме до 5-то без изгубен живот.

Управувајте го возот

Веројатно најлудиот гиф кој сте го виделе, барем во последно време. Гиф кој можете да го контролирате со својата мисла. Возот ќе оди во оној правец во кој вие сакате да оди. Дајте му шанса.

Можете ли да слушате облици?

Како што некои луѓе умеат да ја "вкусат" бојата, така постои и асоцијативна музичка визуелна интелигенција, способност да се "слушаат" форми. Има и онлајн тест за оваа способност. Додека се наштимате, првите неколку облици веројатно ќе ги утнете, а потоа можно е да ви тргне.

Колку си дебел во споредба со светот

Глобално мерење на тежина, кое не само што ќе ви каже колку сте подебели отколку што треба, туку и колку сте подебели од остатокот на вашата држава и во споредба со остатокот од светот.

Игри од Идризово

Делите ќелија со зезнат убиец и тој ви предлага да одиграте една игра. Одбирате кое поле сакате и потоа имате 4 потега. П.С. Мене ме стрелаа.