ТикТок има нов проблематичен предизвик - се работи за специфична задача што треба да ја извршиш во одреден временски период, со намера да го промениш изгледот. Супер.
Замисли си: Конечно одиш на планираното патување. После сто години пандемија, си бираш смештај, одлетуваш и влегуваш да одмориш, затоа што те чека шетање. Дали се тушираш и си легнуваш? Па, после видеово, не. Прво бараш скриени камери.
Ние уште не знаеме, ама Спајкд, кои многу често имаат легитимни аргументи кога нешто е ѓубре, за новата книга на Емили Ратајковски „Моето тело“ велат дека е „плитка, солипсистичка и посамобендисана од тинејџерски дневник.“
Има многу неточни претпоставки за што е љубов, врска и идеален партнер. Најчестата е дека кога си вљубен во „вистинската“ личност, нема потреба од граници. Е па, има.
Пандемијата успеа и тоа да смени - како луѓето што се сингл се снаоѓаат сега во љубовниот живот, каде што влегува бирањето партнери, размислувањето за сексот и други ситници.
Нели некои луѓе секогаш успеваат да истераат по нивно? Дури и кога ќе забележиме дека излегува така, знаеме да паднеме во стапица и да се чудиме зошто.
Клаус Номи ја остава њујоршката клупска публика со отворена уста со неговиот вокал, облечен во карактеристичниот триаголен смокинг од винил, со димни бомби, панк-рок детали и научно-фантастични звучни ефекти од ’50-те.
После неочекуваното напуштање на доскорешниот, Даниел Ли, и помалку од месец дена по голема ревија во Детроит, компанијата објави дека ќе го унапреди Метју Блази на позицијата креативен директор, „од одма“.
Има уметници на Инстаграм, а и такви што ги знаеме (и што сме им легнале под игла) што се врвни. Но, на некои од сликите на интернет е прикажан таков неверојатен фото-реализам (невиден во живо), со таква ѕифт-црна боја, што те тераат да се замислиш.
Знаете како понекогаш ќе видите нешто свое после одреден временски период и чувствата ви се движат од „можев и подобро“ до „сега ќе се убијам“? Е па, и Мерил Стрип така.
Штиклите не требало да ги носат жени. Всушност и Лубутан се инспирирани од трендсетер за оваа обувка од пред неколку векови - и гледајте како не напишавме трендсетерКА - затоа што е Луј XIV. Не неговите жени. Донел и закон според кој само членови на неговиот двор смееле да носат штикли со црвени ѓонови, со тоа овозможувајќи да може да се препознае кој му е близок на кралот, а кој не (што не е ни далеку од концептот на Лубутан денес).
Во едно интервју, Хејли Бибер кажа дека во интерес на здравјето на косата, нема веќе да ја малтретира. Барем не со фарбање. Сега е стигната до природна боја и новиот изглед во холивудскиот свет се вика „скапа бринета“, но има и нормални што го викаат со реално име: израснат корен.
Досега сме виделе студии што заклучуваат дека социјалните мрежи се штетни за менталното здравје, но веќе не ни требаат ни истражувања за да го знаеме тоа. Многумина имаат искусено ментална истоштеност како директна последица на бескрајно скролање и што е полошо, не можеме ни да запреме кога ни станува забележливо потешко.
Пипл го прогласи Пол Рад за Најсекси жив маж за 2021, што, стварно фино, ама најсекси? Сепак, кога ќе земеш предвид кој сѐ им бил најсекси на Пипл (Блејк Шелтон?!), ако.