Непишани правила за пристојност

Некои од овие работи требаше до сега да бидат општопознати, а сепак, еве сме, да се потсетиме.

Не им се потсмевај на луѓето за начинот на кој изговараат зборови. Или твојот јазик им е втор, или го научиле зборот со читање - двата случаи се за почит.

Кога некој зборува, нека не ти поминува целото време во смислување одговор и чекање да заврши за да зборувате вие. Слушај!

Ако некој ти пише порака додека сте во истата просторија, не одговарај на глас за сите да слушнат.

Не ја користи работата за да добиеш информации за луѓето што после ќе ги користиш. (Пример: доставувачи што имаат телефон од тие што нарачуваат, па ги викаат на дејт.)

Ако треба да откажеш средба со пријател, твоја одговорност е да презакажеш.

Не им коментирај на луѓето за храната. Никој не сака да знае дека остригите што ги јаде тебе ти личат на мрсули.

Не им се потсмевај на луѓето за начинот на кој се смеат. Смеењето е најприроден израз за радост и среќа и  брутално е да направиш некој да се срами од тоа.

Ако некој шепка, одговараш со шепкање.

Секогаш радувај се со некој што се радува.

Не допирај трудници за стомак.

Не зборувај на видео-повик и не гледај видеа без слушалки на телефон во ресторан или јавен превоз.

Не прекинувај некој што се обидува да искаже поента.

Ако некој легално си го променил името, не го прашувај како се викал претходно.

Не запросувај на туѓа свадба.

Ако некој ти понуди мастика или ментол бонбона, прифати ја.

Не си го брукај другарот за другите да се смеат.

Врати го предметот во подобра состојба од таа во која си го нашол.

Кога ќе позајмиш нешто од некого, врати го кога ќе ти заврши работа. Не чекај сопственикот да мора да го побара.

Не се фали за нешто што луѓето околу тебе го немаат.

Дозволи прво да излезат луѓето од лифт за да влезеш.

Кога стоиш на ескалатор, стои од десна страна, за да можат да поминуваат луѓе од лева.

Не враќај празна амбалажа или шише во фрижидер.

Не прашувај како некој може нешто да си дозволи и колку заработува.

Не се појавувај кај некого дома ненајавен.

Кога некој ти покажува слика на телефон, не му ги отварај следните и претходните.

Не ја оставај количката за пазарење на сред маркет.

Биди љубезен со келнери, медицински лица и луѓе што работат услужни дејности.

Не готви риба во кујната на работа.

Во јавен превоз, почекај прво да излезат луѓе, па ти да влезеш.

Не коментирај нечиј изглед, ако тоа не може да се поправи за 30 секунди. Ако има нешто на забите, кажи; ако се работи за форма на тело, фризура, износени алишта - не.

Ако направиш лом, среди што е можно побрзо, особено ако живееш со други луѓе. Го олеснува животот и се избегнуваат расправии.

Не упропастувај извинување со изговор.

Не прашувај зошто некој не пие.

Не критикувај и не прашувај за нечија тетоважа. Тебе може ти е глупо што има ананас на глужд, ама него му значи нешто што не мора да ти го каже.

Не прашувај „колку те кошташе“.

Позајмуваш кола? Наполни го резервоарот, или барем надомести го горивото што си го потрошил.

Не давај нечиј контакт без дозвола.

Ако постојано позајмуваш една иста работа, веројатно е време да си купиш твоја.

Не се фали со твоето дете пред родител што споделил тешкотија што ја има со своето.

Одвој време да честиташ за добри вести. Не поставувај прашања веднаш.

Не прашувај по луѓе кога ќе имаат деца. Не сакаат сите да имаат, некои се мачат да зачнат, некои не ни можат да забременат, а некои може и изгубиле бременост. Не е твоја работа.

Немој да допираш и да гушкаш луѓе затоа што си „гушкач по природа“. Не се сите.

Не ги поправај луѓето додека зборуваат, и не им се потсмевај што кажале нешто граматички неточно. Елитистички е, грубо и безобразно.

Луѓето знаат дека имаат акни. Не прашувај и не коментирај.

Не прашувај за нечиј љубовен живот. Не е твоја работа.

Не критикувај некој што сѐ уште учи.

Не ги прашувај родителите непријатни прашања за изгледот на детето.

извор

22 ноември 2021 - 10:31