Таг: пристојност

Непишани правила за пристојност

Некои од овие работи требаше до сега да бидат општопознати, а сепак, еве сме, да се потсетиме.

Што е тоа „основна пристојност“?

Не станува збор за политичка коректност. Ни за проста форма, церемонијалност и манири зад кои се кријат други намери. Пристојноста е, и треба да биде, нешто повеќе од потиснување на поинаквите (непристојните?) мислења и начини на однесување, вели нова книга.

Пристојноста како алтернатива на политичката коректност

Додека политичката коректност таргетира една конкретна група (која не секогаш по своја вина се нашла на мета и треба да отплаќа "туѓи долгови"), пристојноста важи за секого. Плус, пристојноста нема своја политичка агенда.