Многу е лесно да створиш лоша навика. Некои проаѓаат како не баш толку штетни, некои можат сериозно да нѐ упропастат. Во одвикнувањето од козметичките, помага дерматологот д-р Денди Енглмен, а за пример ги имаме најчестите и најлошите - и како да се откажеме од нив.
Стискање мозолчиња
Ова на докторката ѝ е на врв на лошо - малтретирање на сопствената кожа и стискање кај што нема потреба мајка ти да ја бараш. „Знам дека е искушение,“ вели таа, „но може да има сериозни последици. Рацете ви се прекриени со бактерии и вишок масла што лесно се пренесуваат на кожата - па стискање мозолчиња може да ја влоши состојбата или да предизвика уште.“ Што е полошо, може да си направите лузни и ако ништо друго - црвенило и отоци, па проблемите на крај повеќе да се познаваат кога конечно ќе се залечат.
Решение? Фокус на енергијата на нешто друго. Макар и било гризење - цевка, лажичка како сељак, само да не е:
Грицкање нокти
Ако редовно ги кратите ноктите, може и да се спасите од втората најчесто среќавана лоша навика според д-р Енглмен. „Грицкање нокти се случува од навика, стрес и многу други фактори,“ вели таа. „Што и да е причината ефектот е ист - се зголемува шансата да се разболиш, со пренесување бактерии во уста и може да предизвикаш инфекција на кутикулите.“ Помага и добро одржување на ноктите и лакирање, затоа што „лакирани нокти во боја или со горчлив лак за одвикнување, може да помогне.“
Закачање кутикули
На тема нокти, д-р Енглмен вели дека кутикулите се фокус на уште една лоша навика што редовно ја гледа. Финтата е да се размисли прво зошто се прави тоа. „Ако е стрес или неудобност, рефокусирајте ја енергијата,“ предлага, забележувајќи дека играчки за стрес (како фиџет-спинери) помагаат во ваков случај. Ако пак долги или искинати кутикули се причината, тогаш едноставно - средете ги и готово.
Корнење трепки и веѓи
„Извлекување на влакна од трепките и веѓите е честа навика предизвикана од стрес, но може да е одраз и на сериозно нарушување - трихотиломанија,“ објаснува Енглмен. „Во таа состојба, луѓето имаат постојана потреба за извлекување коса, трепки и веѓи.“ Ако мислите дека е можно да е тоа, препораката е да се оди на психолог. „За останатите ќе помогне фиџет или нешто слично да се држат рацете зафатени.“
Џвакање и лупење усни
Ова често се случува и го предизвикува стрес, но симптомите можат да бидат непријатни. Устата се иритира и се суши кожата дури и околу нејзе, а можни се и инфекции поради малите повреди преку кои можат да навлезат бактерии во кожата. Во екстремни случаи може да дојде и до лузни. Наместо ова, Енглмен препорачува џвакање мастика. А ако не поминува - консултација со доктор или психолог.“
Да сумираме, веројатно треба да одите и да си купите фиџет-спинер.