Модната историја е полна со контрадикторности, особено за родовите норми. Знаевте на пример, дека до 20-от век, розевата била машка боја, а и штиклите прво биле измислени за мажи? И да, корсети носеле.
Корсетот има претрпено многу варијанти од првиот концепт до сега. Во светот го воведува Катерина де Медичи во 16 век, а замира кон Втората светска војна кога имало рации, па не можеле да се користат сите дотогашни луксузи. Сепак, останува фактот дека мажите носеле корсети откако се измислени - едно истражување открива дека,
„Корсетите се користеле во војска, за лов и вежбање, многу слично како денес што се користат појаси во вежбална за кревање тегови.“
И ако некој мачо се израдува дека, ете, од практични причини било, историјата повторно има ин-јор-фејс: функцијата неретко станува мода.
„Тајната…“ пишува еден Французин во 19 век, „лежи во тенкоста и тесноста на струкот. Зборувајте со кројачот за ова… Инсистирајте на ред, на строгост… Широки рамена, широки сукњи на палтото, задавен струк - тоа е моето правило.“
Така, околу 1820, мажите прв пат се дотерале во корсети, затоа што било важно да се има многу мал и тенок струк.
Пред овој наконтен период, општеството било запознаено со „макарони“, уште по-модно освестена фигура на раниот 18 век во Англија, кои зајмеле естетика од раскошните машки дворјани на Луј XIV. Ги имавме овде, во детали.
Се разбира, за жени, корсетот доаѓа со контроверзи, со историското значење за убавина и опресија. Сега, кога зумерската генерација бара слобода во родовите норми, денешната модна индустрија реагира со спојување на женската и машката мода во една родово-неутрална платформа, па може да се спремиме за неочекувани правци.
Замислете, маса во кафана, машко друштво, сите во корсети.
Ете, сега сликата ви е во глава.