Бритни, иако возрасна жена, беше под старателство на татко ѝ, како „неподобна да се грижи за себе“, за што детално пишувавме тука. После напорна судска битка успеа да се откачи и од него и од сите забрани што ги имаше да си го живее животот на раат - не смееше да троши свои пари без прашање, не смееше да излезе и да не пријави, мораше да работи што ќе ѝ се каже, буквално како затвореник.
Сега откако заврши тој непријатен аранжман, направи нешто што ние го земаме здраво за готово - сними видео во кое зборуваше без да мора да внимава што ќе каже и го објави на Инстаграм.
А не беше ни проблематично - напротив, им се заблагодари на фановите и движењето #FreeBritney, за кои кажа дека ѝ го спасиле животот, кажа дека ќе почне да се залага за луѓе со реални болести и дека се радува што конечно располага со сопствените пари, што конечно гледа кеш и што ќе може да си купи - свеќи.
Среќата е во малите работи: