Бритни долго се трудеше да го откачи татко ѝ, кој од 2019 доби и контрола над имотот на Бритни вреден 60 милиони долари.
Беше одлучна дека не само што сака да се прекине старателството, туку сака и да се отпушти татко ѝ и да има истрага за, како што вели, злоупотребата на неговата улога. Во сослушувања летово, прв пат јавно зборуваше за ситуацијата.
Само сакам да ми се врати животот. Сакам да ги поседувам моите пари, ова да заврши и дечко ми да може да ме повози со кола. И искрено, би сакала да го тужам моето семејство.
Наредниот месец потврди:
Сакам да се откачам од татко ми и да го обвинам за злоупотреба на старателство. Дојдена сум да поднесам пријава.
Кога доби право да ангажира сопствен адвокат, Метју Розенгарт, тој како приоритет ја постави клоцата за Џејми Спирс. Џејми се расправаше дека иако тврди дека секогаш работел во интерес на ќерка му, не треба тој да лета, туку самото старателство.
Сепак, излегоа документарци кои фрлаат уште посомнително светло на неговото однесување. Controlling Britney Spears зборува дека помогнал да се намести систем за надзор што ѝ ги снимал телефонските повици и разговори без таа да знае и да дозволи. Адвокатот на Бритни сега предлага замена за улогата на татко ѝ во однос на управување со финансиите - да дојде јавен сметководител, Џон Зејбел.
Повеќе за бизарната приказна Free Britney - тука.