Експеримент составен од 103 парови пријатели одлучил дека кога се работи за гушкање, повеќе дефинитивно значи повеќе - гушкања од 10 секунди провоцирале повеќе задоволство. Гушкање пет секунди помалку од тоа било и помалку радосно, а најмалку среќа се искусило со „стискање“ од една секунда.
Најпозитивни реакции добиле гушкањата со прекрстени раце позади, а гушкања каде едниот учесник ги ставал рацете на струк кај другиот, додека другиот ги фаќа рамениците добиле највисок рејтинг.
Истражувачите што имале време и добиле пари ова да го прават, под водство на психологот Ана Дуерен, како општ заклучок велат,
„Задоволството искусено од страна на учесниците се зголемило после гушкања од 5 до 10 секунди наспроти гушкањата од 1 секунда. Советуваме 5 секунди, со прекрстени раце за постигнување на најпријатно искуство.“
Значи, тешко на тие што секогаш први се пуштаат од гушкање.
Истражувањево може да ви се најде за некоја година, со оглед на тоа што сега е забрането гушкање заради Ковид. За поздравување со тупаници и лакти уште не им текнало да направат.
Затоа пак, од истражувачкиот тим известуваат дека ќе им требаат понатамошни студии за да откријат кога едно гушкање станува предолго.