Баш Стрип конкретно, е незадоволна од својот перформанс во „Жената на францускиот поручник“, за кој што вели,
„Бев млада и нова во сево ова. Не бев задоволна колку што можев да бидам… Како да не ја живеев улогата.“
И беше номинирана за Оскар баш за истата улога што „не ја живеела“.
Исто, Аманда Сифрид сака да добие втора шанса за „Клетници“, затоа што е незадоволна од пеењето. И кошмари има. Занимливо е ова да се следи од другава страна, затоа што се работи за глумци кои нас никако не можат да ни згрешат. И не мора да се филмови снимени според најважните дела во литературата. Може и да се филмови што од литературата од која потекнале створиле сосема свој живот, а со него и сопствени ѕвезди - како Џејмс Бонд на пример. Од каде што Пирс Броснан излегува засрамен и згрозен.
„Немам желба да се гледам себеси како Џејмс Бонд. Затоа што никогаш не е доволно добро. Тоа е ужасно чувство,“ вели Броснан за Телеграф.
А одличен е!
Кетрин Хајгл која поголемиот дел од публиката ја знае според Grey’s Anatomy, токму таму би сменила нешто. До тој степен е незадоволна, што се има повлечено од конкуренција за Еми: „Мислам дека оваа сезона не добив материјал што заслужува номинација,“ што беше драма и рашири гласини дека е неблагодарна за нејзината улога во серијата.
Кејт Винслет која растури во „Титаник“ не може да се поднесе себеси во „Титаник“. Смета дека американскиот акцент ѝ е „ужас“ и посакува да може да се врати и одново да го сними филмот, иако си го сака и со задоволство се сеќава на него.
И, верувале или не, Даниел Радклиф е свесен колку е често тапа во „Хари Потер“. Или барем, во еден дел.
„Грешките што други актери ги прават на проби или во драмски школи, мене ми се на филм за сите да ги гледаат. Во шестиот филм не ме бива. Го мразам. Глумата ми е ‘рамна линија‘ и гледам каде нешто што сум се обидувал да направам не излегло како што сум го замислил.“
Бред Пит, незадоволен од „12 мајмуни“ вели,
„Изведбата ми пречеше затоа што имаше стапица во сценариото. Вината не е таму, туку беше нешто што не можев јас да го сфатам. Знаев дека во втората половина на филмот, играв бледа копија на она што бев во првата - до последната сцена - и многу ми пречеше.“
И на крај, Ана Тејлор-Џој, единствената актерка што можеме да ја замислиме во The Witch, заради кој и застана на мапа - е незадоволна од The Witch. Не само што е незадоволна, туку е очајна:
„Мислев дека никогаш веќе нема да работам; сѐ уште ме лазат морници кога ќе ми текне. Најужасно чувство на ‘ги разочарав луѓето што ги сакам најмногу на светот. Не направив како што треба.‘“
Затоа следниот пат кога ќе бидете престроги кон себе за завршена работа, размислете уште еднаш: Стварно е толку лошо, или сте Мерил Стрип?