Ќе победи ли Џони Деп конечно?

Судот му овозможи на Џони Деп пристап до телефонот на неговата поранешна жена Амбер Херд, со кој Деп се надева дека ќе докаже колку многу лаже.

Тврдењето на неговата одбрана е дека фотографиите од помодрената Херд се лажни - дека е шминкана и дека се преправани дигитално. Таа тврди дека тој ги предизвикал во 2015.

Адвокатот на Деп, Бенџамин Чу тврди дека „адвокатите на г-ца Херд постојано ги користат овие лажни фотографии на суд.“

Оттогаш, Амбер Херд има пишувано и статии по весници каде што зборува за семејно насилство и како страдала од физички напади, иако не го кажува името на Деп.

Еден интересен податок е дека кога го пријавила тепањето и дошла полиција да провери, не нашле никаква повреда на нејзе, ниту начекале хаос и лом во станот како што таа кажала дека има.

Сега конечно пресудата е експерт да ги види сликите што таа ги користи како доказ. Експертот е Брајан Нојмајстер, чија истрага заклучува дека

„голем број од фотографиите се поминати преку апликација што се вика Photo 3, и која лесно манипулира фотографии со опција да се додадат модрици каде што ги нема.“

Еден од адвокатите на Деп, во колумна кажа дека „Херд го злоупотребува движењето #MeToo и се преправа дека е жртва, наместо напаѓач“, нешто што е веќе некое време во јавност поради протечен разговор.

И без разлика на кансел-културата, поточно - во една демонстрација на нејзините двојни аршини, Амбер Херд сѐ уште не е повлечена од „Аквамен“. Останува да видиме дали е Џони Деп во право - и дали стварно никој не е безбеден од кансел-културата.

10 ноември 2021 - 11:45