Ова го коментираше при приемот на наградата која е највисока чест на филмскиот фестивал во Сан Себастијан.
Деп минатата година изгуби на суд, а тужеше за клевета еден медиум што го имаше наречено „тепач на жени“ (тепачот е овде). На фестивалот одговараше новинарски прашања и во една референца за #MeToo рече дека работите „излегле од контрола“.
„Секакви движења излегоа, сигурен сум со најдобри намери - но, толку е забегана работава што можам да ви ветам дека никој не е безбеден,“ рече тој. Ја спомна и „оваа кансел-култура, или тоа инстант пребрзо судење врз основа на издишана количина на загаден воздух.“
Откако пресудија дека нема клевета во тоа „тепач на жени“, во рамки на филистинското уништување на Џони Деп, од него беше побарано да се повлече од улогата на онаа језива франшиза „Фантастични ѕверки“, а и сѐ уште има движења и институции за заштита на женски права што се бунеа дека добил било каква награда после целата драма.
Деп и понатаму одрекува дека бил насилен кон Амбер Херд и на новинарите им кажа,
„Никој не е безбеден, но верувам дека ако си вооружен со вистината, само тоа ти е доволно.“
Инаку, на оваа тема имавме и во „Ќе му се извини ли некој на Џони Деп?“, а во меѓувреме, реални борци за еднаквост имаа и петиција да се брка Херд од „Аквамен“, но аршинот овде не е ист.
Види и: