Деп и Херд се во моментов во сред ужасно валкано судење за клевета и во понеделникот Херд сведочеше дека ја обвинил за афера со
„Еди Редмејн, Џејмс Франко, Џим Стурџис, Кевин Костнер, Лиам Хемсворт, Били Боб Торнтон, Ченинг Тејтум, дури и колешки како Кели Гарнер.“
(Знаевте вие дека имала толку многу филмови?!)
Се разделија во 2016, кога го обвини за семејно насилство, што Деп го одрече.
А ако не сте во тек, во „Ќе му се извини ли некој на Џони Деп“ веќе објаснивме дека семејно насилство имало, само што - таа го гаѓала и го мавала него. Што можеби ви се чини понесериозно, ама семејно насилство е семејно насилство - особено кога најбезобразно ќе го геслајтнеш партнерот, па уште и капак на тоа - ти него ќе го обвиниш дека те тепа. Многу потсеќа на ова.
Судењето е заради таблоидна приказна од 2018 со наслов „Како може Џ.К. Роулинг да биде среќна со кастингот на тепачот на жени, Џони Деп во новиот филм ‘Фантастични ѕверки’.
Патем, ‘Фантастични ѕверки’ е најпроблематична франшиза во моментов.
Судењето се очекува да трае три недели.